КРИЗЕН ШТАБ ОПШТИНА ОХРИД: ПОВЕЌЕ ОД 300 МОТОРНИ ВОЗИЛА СО РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ ОД ДРУГИ ОПШТИНИ ЗА 24 ЧАСА ВЛЕГЛЕ ВО ОХРИД
Од денешниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, беа донесени следните заклучоци:
Нови правила за влез во угостителските објекти
Владата на Македонија на редовната 115-та седница, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести ги донесе следните заклучоци:
Инспекторите од АХВ изрекле 30 инспекциски мерки во јануари и февруари
Нехигиена, неизвршени санитарни прегледи, оштетувања на разладни витрини и работни површини се само дел од неправилностите кои инспекторите од Агенцијата за храна и ветерина ги констатирале кај оператори со храна во охридско-струшкиот регион. Најголем дел решенија за отстранување на недоследности и едукација на операторите, а само една прекршочна пријава.
Само 12 парови го кажале судбоносното да пред матичар во месец март
Бројот на склучени бракови во март годинава е преполовен во споредба со истиот месец лани. Во Матичната книга на родени ,венчани и починати за Охрид има опаѓање и во бројот на починати лица, но има и помалку родени бебиња.
Се расчистува патниот правец до Велестово и каналот до Билјанини Извори
Денес екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ реализираа вонредни активности за подигнување на расфрланиот отпад на патниот правец од бензиската пумпа „Билјанини Извори„ до с.Велестово. За жал тешко се надминуваат навиките на несовесни поединци кои се ослободуваат од пластични шишиња, картонска амбалажа, најлонски кеси додека се рекреираат, шетаат, а не ретко ги фрлаат и од автомобилите. Некои дури и од покуќнината се ослободуваат во овој дел од националниот парк „Галичица„.
Започнаа градежни зафати на надвозникот кај Подмоље
Започнаа градежните зафати на оштетената клучка Подмоље на патниот правец Охрид Струга. Уривањето почна утрово и треба да заврши за три дена. Планирана е изградба на нов повисок и поширок надвозник кој треба да биде изграден за два месеци.
Строго се забранува пешачење, возење велосипеди и движење во НП Галичица
Владината мерка за спречување на корона вирусот стапува на сила од четврток од 16 часот. Шумочуварската служба ќе врши засилени контроли заедно со полциските службеници, информираат од Јавната установа национален парк Галичица.
Опаднат е прометот и пратките во охридската пошта
Опаднат е прометот на уплати и исплати, како и на поштенските пратки. Одвивањето на поштенските пратки тече нормално во рамките на држaвата,а со странство во моментов функционира само со неколку земји. Се нормализира поштенската услуга со Германија и преку оваа земја веќе почнаа да пристигнуваат пратките од Кина за нарачките од Македонија.