Skip to main content
Мај 15, 2017

Во охридската чаршија во тек се градежни зафати за реконструкција на Али пашината џамија. ТВМ дознава од неофицијални извори дека покрај реконструкцијата на џамијата до Завод и музеј дополнително било доставено и барање за изградба на минаре. За минарето кое неофицијално е предвидено да достигне висина до 32 метри од охридскиот Завод и музеј издале позитивно мислење и одобрение за археолошки конзерваторски основи. Сега се чека на одобрението за градба за кое треба да решава Министерството за транспорт и врски.


Авг 18, 2010

Мистериозниот брод Чан, чија спорна сопственост беше предмет на интерес на медиумите пред две години, наводно сам плови во водите на езерото.


Авг 13, 2010

Тендерот за набвка на ДВД презентација на Охрид, да се поништи, сугерира градоначалникот Петрески.


Мај 13, 2017

14ти Мај, ден на сите мајки во светот. Овој датум е одреден како ден на мајката, а Женскиот центар Бисера секоја година го одбележува со пригодна манифестација. Оваа година домаќин на овој хепенинг беше ОУ Св. „Климент Охридски“.


Авг 11, 2010

Во интерес на објективното информирање на јавноста во врска со случајот на угостителскиот објект „Пандонос“ , за кој што реагираа дел од варошани, ја добивме и информацијата која ви ја ветивме за дозволата за поставување урбаната опрема.


Авг 9, 2010

Наградата во висина од 30 илјади денари, на авторот ќе му биде врачена на 13 август на манифестацијата “Вечер на Живко Чинго”.


Мај 13, 2017

Прво годишно собрание на акцијашите волонтери од Македонија. Сакаме да наметнеме нов принцип каде што младите ќе научат што е тоа волонтеризам, хуманост и солидарност, вредности кои засега ги нема ниту меѓу младите ниту меѓу возрасните, велат од Сојузот на акцијаши волонтери на Македонија.


Авг 4, 2010

„Секој почеток има и свој крај“. Вака варошани им порачаа на надлежните во градот, околу проблемот со кој деновиве се соочуваат, со поставените знаци за забрана за сообраќај, со што според нив му се отстапува патот на самоволието на сопствениците на угостителскиот објект „Пандонос“.