ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД КРИЗНИОТ ШТАБ НА ОПШТИНА ОХРИД
Од последниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, во согласност со мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за ограничено движење, беа донесени следните заклучоци:
Зимското сметање на времето почнува ноќта меѓу 30 и 31 октомври
Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) ќе почнат со зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ, часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот.
Нова порака од денес го краси Веселиот ѕид во ООУ ” Григор Прличев” Охрид
„Да бевме во можност ќе се соберевме сите 85 вработени, сите 1071 дете и нивните родители и ќе дојдевме на сите поединченo да ви кажеме дека сте хероите кои го чуваат нашето здравје“ стои во соопштението на ООУ „Григор Прличев“ од Охрид.
Општа Болница Охрид се реорганизира
Општа Болница Охрид се реорганизира за да одговори на предизвиците кои ги наметнува состојбата со корона вирусот. Формиран е тријажен центар за примање и понатамошно насочување на пациентите. Во моментов на инфективното одделение нема потврдени пациенти но има 6 сомнителни пациенти на Ковид 19 од кои се земени брисеви и се чекаат резултати.
Охридска банка од утре со ново работно време во експозитурите Централа и Минимаркет
Во време на пандемија кога општото здравје е пред се’, Охридска банка АД Скопје го променува работното време на своите експозитури во Охрид почнувајќи од среда, 8-ми април 2020 година, за да овозможи поголема достапност на своите услуги.
Обезбеден интернет пристап за учениците од семејства во социјален ризик
Картички за интернет ќе донира Македонски телеком. Потпишан договор за соработка помеѓу Македонски телеком и Министерството за информатичко општество.
На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус
На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа-Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г). Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.
Охридските пчелари донираа мед и прополис на Општа болница Охрид
Пчеларите подарија здрава храна како знак на благодарност на лекарите кои се на првата борбена линија во борбата против корона вирусот. Со иницијативата на пчелaрите се одбележува Свeтскиoт ден на здравствените работници 7 април.