Нови 15 заболени лица од COVID 19, од нив едно лице во Струга
На денешната прес конфееренција Министерот за здравство Венко Филипче информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 ново заразени пациенти со новиот коронавирус.
МТСП: Во тек е етапната исплата на октомвриските пензии
Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска 26.10.2021 год. (вторник) започна етапната исплата на октомвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Сите ученици неможат да следат online настава во охридските основни и средни училишта
Има различни причини. Повеќето се од семејства во социјален ризик и немаат електронски уреди, а други пак интернет пристап. Списоците со ученици кои немаат услови се испратени до ресорното министерство и се чека решение како тие ќе се вклучат во следење на далечинска настава.
390 лица во Охрид се под задолжителна мерка државен карантин, сместени во пет сместувачки објекти
Од СВР Охрид информираат дека безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива секторот за внатрешни работи е стабилна.
МТСП: Породилното отсуство се продолжува до истекот на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19
Министерството за труд и социјална политика информира дека се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено и посвоено дете се до истекот на траење на времените мерки.
Четири лица од регионов не ја почитувале забраната за движење
Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна.
Безбедносната состојба на подрачјето што гo покрива СВР Охрид е стабилна
Изминатово деноноќие, во периодот од 07,00 часот на 03.04 до 07,00 часот на 04.04.2020 година, три лица во Охрид и едно во Кичево не ја почитувало забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.
Уште еден викенд со забрана за движење од 16 часот
Забраната за движење на населението и оваа сабота започнува во 16:00 часот и ќе трае до утре 05:00 часот наутро. Ова е согласно одлуката на Владата за забрана на движење за време на викендите што се применува од минатата недела. Полицискиот час и утре ќе почне од 16 часот и ќе трае до 05 следниот ден.