Маркетите во градов и во вонредна состојба работат со полна пареа
Маркетите во градов и во вонредна состојба работат со полна пареа. Вработените го даваат својот максимум за да можат граѓаните да бидат услужени, но и безбедни. Менаџерскиот тим на маркетите МИСА решил аконтацијата за данок од добивка која вообичаено се плаќа еднаш месечно, да ја плати однапред за цела 2020та година, а со тоа да и помогне на државава во оваа тешка ситуација.
36-годишен охриѓанец ги нападнал гостите и вработените во угостителски објект на ул. „Железничка“
На 24.10.2021 година во 18.30 часот, во СВР Охрид приведен е Ј.Ѓ.(36) од Охрид кој, претходно, во угостителски објект лоциран на улицата „Железничка” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со непристојно и агресивно однесување кон вработените и гостите во објектот.
РЕГИСТРИРАНИ ВКУПНО 24 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАТА, ВКУПНО 201 ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ ПАЦИЕНТИ
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.
ЈП Комуналец секојдневно ги дезинфицира градските и приградските улици, тротоари , паркинзи
Службите според програмат за работа ги прскаат и селските средини, а дезинфицирале и во соседната општина Дебрца. Досега се потрошени над 350 литри концентрирано средство за дезинфекција.
Контакт информации за мобилните тимови во Општина Дебрца
Се известуваат граѓаните на Дебрца дека на територијата на општина Дебрца функционираат мобилни тимови кои имаат за задача на барање на старите и изнемоштени лица и на лицата со посебни потреби да им излезат во пресрет за прехранбени производи, продукти за хигиена и лекови или доколку имаат потреба од помош или било каква друга поддршка.
ПРОДОЛЖУВА ДЕЗИНФЕКЦИЈАТА НА УЧИЛИШНИТЕ ОБЈЕКТИ
Во рамки на оперативниот план на Локалната самоуправа за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19, деновиве продолжиja активностите за дезинфекција на училишните објекти на подрачјето на Општина Охрид.
Забраната за движење во деновите на викендот, односно во сабота и недела, ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот
Владата на Република Северна Македонија на својата 28-ма седница на предлог на Комисијата за заразни болести, и по заклучок на Главниот координативен кризен штаб за целосна координација за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19, Владата донесе одлука измени и дополнувања на забраната на движење на целата територија на Република Северна Македонија за време на деновите на викендите.
Планинската спасителна служба со апел до сите вљубеници во планините да останат дома
Од Планинската спасителна служба со апел до сите вљубеници во планините, алпинисти, планинари, скијачи, велосипедисти, љубители на природата и планинските спортови.