Skip to main content
Јун 5, 2020

Се известуваат сите учесници во сообраќајот  односно  сопственици  на моторни возила , дека во наредните денови за време на полицискиот  час ( петок, сабота и недела), општина Охрид ќе врши обележување  на хоризонтална сигнализација во  централното градско подрачје.  Поради тоа  се молат сопствениците да ги отстранат своите возила од паркинг просторите на подолунаведениве  улици , се со цел непречено одвивање на активностите.


Јун 4, 2020

Граѓани од општините кои од денес до понеделник се во целосен карантин побрзаа пред стапувањето на сила на полицискиот час да дојдат во туристичкиот центар. Од полицијата најавуваат интензивни контроли и активности за доследно спроведување на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот.


Јун 4, 2020

Забраната се однесува и на хотелите и на станоиздавачите од мал обем. Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат потсетуваат дека тоа е дел од одлуките за спречување на пандемијата со Ковид 19. За непочитување на одлуката казните се ригоризни, следува и казна затвор од една година.


Окт 26, 2021

Граѓаните не се задоволни од образовниот процес во државава. Ова го покажа анкетата која ТВМ телевизија ја спроведе во рамките на рубриката Ти си твојот град на самиот старт на учебната година. Најголемиот дел од испитаниците не се задоволни од наставната програма и наставниот кадар.


Јун 4, 2020

Од градинката информираат дека предност ќе им дадат на самохраните родители и вработените кои не можат да отсуствуваат од работните места. Вработените ги прават подготвките за спроведување на сите протоколи за безбеден престој на децата во установите. Скринингот за вработените на  Ковид 19 кој беше  најавен за   понеделник и вторник се одлага.


Јун 4, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (03/04.06) на територијата на Република Северна Македонија на 435 лице им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.


Јун 4, 2020

Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” од Охрид, ја спроведе првата фаза од проектот “Мојот советник под лупа”, со цел зголемување на транспарентноста, отчетноста и доброто владеење на локалната самоуправа и запознавање на јавноста со работата на нивните претставници во општината. 


Јун 4, 2020

Општина Охрид традиционално и годинава ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.