Девет години Народен театар Охрид
Охридскиот народен театар денеска слави роденден. Основан пред 9 години, од првата претстава Метаморфози до „Хотел ни на небо ни на земја“, охридскиот театар постави пред својата публика 31 претстава. Годинава нема роденденска премиера на штиците што живот значат и под симболот на двете маски тажна и среќна. Денеска сите носиме едни поинакви маски а театрите се затворени.
Забележани се две еленчиња нови рожби во репродуктивниот центар за елени во НП Галичица
Вработените од паркот се на терен и ги пребројуваат новородени срни. Нивните очекувања се камерите во паркот да регистрираат поголем број од 24 женки кои беа пуштени во паркот кон крајот на декември минатата година.
Градоначалникот Пецаков во обиколка на градежни активности во Стариот дел на градот
Деновиве се одвиваат активности за реконструкција на плочките на улицата „Климентов Универзитет“. Градоначалникот Кирил Пецаков изврши увид на градежните зафати, кои ги извршува фирмата „Бокоп“. Предвидено е реконструкција на плочките да се изврши на повеќе локации низ Стариот дел на градот каде што има потреба.
Наскоро се очекува почетокот на реализација на проектот Дувло или Свинишки извори
Каптирањето на изворот е според веќе изготвен проект од пред 10 години и е значаен за жителите и за работата на претпријатието Водовод. Со каптирање на изворот нема еколошки импликации врз животната средина.
Георгиески: Нашата цел е Охрид да биде Град со НАЈДОБАР стандард за образование
Нашата цел е Охрид да биде Град со НАЈДОБАР стандард за образование во нашата држава, пишува кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ Константин Георгиески.
Во Репродуктивниот центар за Европски елен во НП Галичица се родија првите еленчиња
Во Репродуктивниот центар за Европски елен во НП Галичица се родија првите еленчиња. Во периодот кој следи од паркот очекуваат на свет да дојдат уште нови младенчиња.
Во јавниот превоз бројот на патници во возилата да изнесува најмногу до 50% од капацитетот на возилата
На последната седница Владата ја дополни Уредбата со законска сила примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба со која е предвидено во јавниот превоз на патници бројот на патниците во возилата да изнесува најмногу до 50% од капацитетот на возилата за кои е задолжително да бидат опремени со маски, ракавици и возилата да се дезинфицираат.
Усвоен протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на КОВИД-19
Владата на Република Северна Македонија го усвои Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите луѓе на работното место, како што се работодавците, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите.