Skip to main content
Мар 17, 2020

Паника завладеа кај студентите и нивните родители по најавите дека државниот студенски дом „Никола Карев“ ќе се пренамени во центар за изолација и карантин во случај на потреба доколку дојде до ширење на Ковид 19. Нема место за паника ни страв порачува директорот. Домот ќе се пренамени само доколку дојде до енормни појави на болеста.  Денес, започна дезинфекција на  собите  во студенскиот  и ученичкиот дом за кои беше одлучено да се пренаменат во центри за изолација во вонредна ситуација.


Мар 16, 2020

Охридскиот градоначалник Константин Георгиески свика кородинативно тело кое ќе презема оперативни мерки за борба со коронавирусот. Студенскиот дом и училишниот интернат на угостителското училиште ќе се пренаменат во центри за изолација на полесните случаи заболени од корона вирусот. Дополнително ќе се одлучи во која болница ќе се  лекуваат  потешки случаи. Општината одвои  пари за купување храна и лекови за  ранливата категорија сограѓани.


Мар 16, 2020

Состојбата со нивото на водата во Охридското езеро,  засега стабилна. Но, тоа не значи дека не треба будно да се следи. Најважно од се е контролирано да се врши испуштањето на водите од езерото преку браната на реката Црн Дрим, посебно сега кога соседна Албанија се соочува со недостиг на електрична енергија.


Мар 16, 2020

Доколку не се почитуваат мерките, ЈП Градски Пазар е спремен да превземе дополнителни мерки за заштита, со редуцирање на протокот на луѓе (ограничување на влез-излез) внатре во затворениот Зелен Пазар.


Мар 14, 2020

Од понеделник се затвора граничниот премин на аеродромот Св.Апостол Павле во Охрид, а се забранува и влез на патници на територијата на Македонија и од земјите со среден ризик од ковид-19. 


Окт 23, 2021

Кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, упатува честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.


Мар 13, 2020

Во регионот на општините Дебар и Центар Жупа од денеска се воведува кризна состојба  поради коронавирусот, откако таму се откриени четири нови случаи на заразени со Ковид-19.


Мар 13, 2020

Повеќето автобуски и комби превозници ги дезинфицирале возилата со кои превезуваат патници, но некои одбиваат да го направат тоа, велат од Центарот за јавно здравје. Такси компаниите сеуште не се обратиле во центарот за да им се направи дезинфекција на возилата.