Skip to main content
Мар 13, 2020

За советниците не беше прифатлива предложената локација во близина на  Мауцкер на  6 хектари. Во  моментов на повеќе локации во близина на населени места работат шест бази од кои само две со дозвола и инегрирана Б еколошка дозвола. 


Мар 13, 2020

Се известуваат жителите на улицата „Партизанска“ кои ги паркираат своите моторни возила на паркингот позади хотел „Дипломат“(населба „Охридати“) и на паркинг просторот позади Студенскиот дом „Никола Карев“ (стар депанданс) дека од 13.03.2020 година (петок), општина Охрид ќе започне работни активности за асфалтирање на овие локации.


Мар 13, 2020

Од понеделник (16.03.2020), фирмата „Еко Тим“ започнува со чистење на секундарната канализациона мрежа на ул. „7ми Ноември“ на потегот од кружниот тек кај ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ до кружниот тек кај „Охридска Банка“.


Мар 12, 2020

Опозиција и позицијата со различни гледишта за реализацијата на буџетот во 2019 година. За позицијата раздолжувањето на општината и деблокирање на жиро сметката на основното училиште Григор Прличев се дел од успешно реализираниот  општински буџет во 2019. Oпозицијата пак,воздржана  по извештаите  за  финансирање на образованите институции под локална самоуправа и работата на јавните претпријатија. 


Мар 12, 2020

Поради изведување на завршните градежни активности за реконструкција и уредување на просторот кај месноста „Табана“, од утре 12.03.2020 година (четврток) ќе биде затворена за сообраќај улицата „Цар Самоил“, во потегот од улиците „Цар Самоил“ и „Коста Абраш“ во близина на Капетанијата на пристаништата до црквата „Света Софија“.


Окт 23, 2021

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.


Мар 12, 2020

Согласно препораките и мерките што  ги донесе Владата на Република Северна Македонија, општина Охрид започна со вонредна дезинфекција и дератизација.


Мар 11, 2020

Таксистот Ацо Бакрески е позитивен пример и секако за поздравување во почитување на мерките за заштита на населението од корона вирусот.