Skip to main content
Дек 4, 2019

Поради поставувањето на новогодишнте украси во чаршијата, Локалната самоуправа апелира, доставувањето на роба во деловните објекти да се врши исклучиво со ниски возила.


Дек 4, 2019

Највисокото општинско признание  „Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ за 2019 година, постхумно му се доделува на прерано починатиот градоначалник Проф. д-р Јован Стојаноски. Решението за доделувањето на наградата, за која имаше пет апликации, го донесе градоначалникот Константин Георгиески на предлог на Стручната комисија за доделување на општински награди и признанија.


Дек 3, 2019

Во Центарот за превенција и третман на болести од зависност во Охрид во моментов има 170 пациенти одс кои најмладиот има 19 години.  Загрижува фактот што расте потребата   за лекување на  малолетни зависници, велат за ТВМ од Центарот.


Дек 3, 2019

 Средношколците на  забавен начин покажаа како лесно ја совладуваат наставата по предметите хемија и  физика. Средното општинско училиште Свети Климент Охридски постојано ги осовременува кабинетите за изведување на наставата по сите природни науки.


Дек 3, 2019

Повеќе охридски здруженија го одбележаа светскиот ден на инвалидите.  Од  Локалната самоуправа ги  следат потребите на  овие лица и најавуваат два големи проекти, пристапност за инвалидите  до општинската сала и спортскиот стадион Билјанини извори. 


Дек 3, 2019

Црвен крст Охрид, а воедно и градот Охрид  е побогат за уште една музичка содржина.Во рамки на Црвен крст Охрид започна да делува женскиот хор „A Cordis“.


Дек 3, 2019

Во неколку туристички списанија и весници и на социјалните мрежи, Охрид се промовира во Италија. Деновиве се објавени повеќе промотивни текстови со кои потенцијалните италијански туристи се запознаваат со културно – историското наследство на Охрид, но и со природните убавини.


Окт 17, 2021

Според последните податоци од Државната изборна комисија до 18:30 часот, од обработени податоци од 74 од 88 избирачки места на гласање излегле 20 553 охриѓани или 54,83 %.