Состојбата со поплавите во Радојца Новичиќ се нормализира
Состојбата со поплавите во населбата „Радојца Новичиќ “се нормализира, тврди првиот човек на Проаква, Бранислав Трпчевски. За работите побрзо да се вратат во нормала од МЈП инсталирале три пати посилна пумпа за испумпување на надојдените води.
Природата го возвраќа ударот
Денот на планетата Земја годинава доаѓа среде серија природни катастрофи во светот, но и во нашата земја. Климатските промени и спасот на планетата Земја се единствените теми што треба да ги обединат сите граѓани, без разлика на нивната политичка, етничка или друга припадност. Македонија по основ на прашањето на Екологијата е добро усогласена со ЕУ, меѓутоа по прашањето на инплементација и на почитување на истата сеуште има проблеми, вели Дејан Пановски.
За една година треба да биде завршен затворениот зелен пазар
За една година треба да биде завршен затворениот зелен пазар. Подготвителните работи за негова изградба започнаа и ќе се работи со полна пареа за да се запази рокот, вели Радован Трајковски, сопственикот на АД „Илинден“ кое е партнер на локлната во овој проект.Проценетата вредност на административно деловно трговската зграда изнесува нешто повеќе од 3 милиони евра.
Нефер игра во едриличарскот клуб Бофор
ТВМ веќе информирше дека неисполнувањето на обврските од страна на спонзорот беше причина поради која едриличарскиот клуб „Бофор“ го раскина договорот со АМАК СП. Овој чин стави крај на соработката која започна во 2003 год, помеѓу едриличарите и АМАК СП како спонзор. Но приказната не застана тука.
Билатералниот секретаријат бара квалитетна студија за Грашница
По најавата на градоначалникот дека се средува делот кај Грашница, од билатералниот секретаријат на Охридското езеро велат дека за да го поддржат проектот во целост бараат да се изработи квалитетна студија за истата.
Европски пари за проекти на општина и „Комуналец“
180 илјади евра грант европски пари доби општина Охрид за Проектот „Меѓугранична соработка и интегрирани здравствени и социјални услуги за стари лица и деца и нивна превенција“.ЈП „Охридски Комуналец“ доби 600 000 евра за проектот „ Одржливо управување и третман на био отпад со користење методи за производство на био гориво. Проектите се дел од Програмата за прекугранична соработка помеѓу република Македонија и Република Грција.