Skip to main content
Ное 11, 2019

По напрвениот увид во состојбата на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион, премиерот Зоран Заев објави дека стартуваат активностите на санација на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион за прочистување од наслагите и корењата од дрвјата и рехабилитација на цевководот на истиот.


Ное 11, 2019

Општина Дебрца започна со интензивно расчистување на дивите депонии, со што ќе бидат опфатени сите јавни простори во општината, натрупани со комунален и друг вид на отпад и градежен шут.


Ное 8, 2019

По вчерашниот немил настан чиј епилог е едно угинато куче од трите затруени со високо токсичен отров, денеска од ОК на ВМРО ДПМНЕ повикаа на брза реакција на надлежните за пронаоѓање на сторителите но побараа и одговорност од локалната самоуправа за справување со проблемот со бездомни кучиња. Градоначалникот Георгиески, пак преку социјалните мрежи порача дека процесот на создавање услови за решавање на проблемот е во завршна фаза. Тој истовремено изрази сомнеж дека позади вчерашното труење стои некој кој со нехумани и валкани постапки, сака да го наруши неговиот и угледот на Охрид.


Ное 8, 2019

Депонијата Буково  од која подолго време се издига чад во моментов ја одржува ЈП Охридски Комуналец. Од претпријатието со нивна машина ја покриваат депонијата со земја. 


Ное 8, 2019

На домашен терен, во недела со почеток во 17 часот во СРЦ „Билјанини извори“ за противник ја имаат екипата на „Пролет“, во дерби средбата од првата рунда во вториот круг од Супер лигата. Навивачката група „Рибари“ пак, одбележуваат голем јубилеј, триесет години од нивното формирање.


Ное 8, 2019

Во врска со претстојната трилатерална средба на претседателите на Македонија, Србија и Албанија, што викендов ќе се одржи во Охрид, Секторот за внатрешни работи од Охрид, презема соодветни безбедносни мерки.


Окт 16, 2021

На 15-ти октомври 2021 година, во периодот од 15:00 до 19:00 часот, при извршена сообраќајна контрола, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, регистрираа и санкционираа 9 возачи на моторни возила кои извршиле пречекорување на дозволената брзина на движење.


Ное 8, 2019

Изминативе неколку недели па се до крајот на 2019 година, се реализираат неколку клучни градежни порективо оваа рурална опоштина кои пред се се наменети за водоснабудвање на жителите од неколку селски средини.