Skip to main content
Мар 17, 2010

Колекторскиот систем не функционира како што треба. 1350 литри во секунда фекална вода поради неможноста да се обработи се излива во езерото. Владата никако да ја свати сериозноста на нашите укажувања, обвинува градоначалникот Александар Петрески.


Апр 4, 2017

Оној што е хуман кон животните е хуман и кон луѓето. Вистинската хуманост не знае за дискриминација. Оваа порака доаѓа од Здруженијата за заштита на животни, на одбележувањето на Светскиот ден на бездомните животни 4 ти април.


Мар 17, 2010

Денес се одбележува денот на крводарителството на Република Македонија. Општинската организација на Црвениот крст од Охрид мината година може да се пофали со голем број крводарителски акции што ги организира со различни категории граѓани.


Мар 17, 2010

Претставниците на етничките заедници од земјава, бараат да престане нивното исклучување од јавниот живот. Исто така сакаат да се престане и со повредата на нивните уставно загарантирани права.


Апр 4, 2017

Охридските „гладијатори“ пред нов предизвик. Тие на домашен терен ќе играат против екипата на Борец од Велес. Охридските ракометари очекуваат победа, секако со помош на големата поддршка од трибините со охридската публика.


Мар 16, 2010

Изворските води кај Биљанини извори се со променлив квалитет, заклучок е на работната група на експертските тимови составена од претставници на  неколку институции.


Мар 16, 2010

Најавата од Фондот за здравствено осигурување за заострување на начинот за препишување на лековите од позитивната листа ги вознемири пензионерите. Тие како најзасегната категорија регираат дека со овој начин на снабдување со лекови, нивното право на лекување е доведено во прашање.


Апр 4, 2017

Ј.П. „Охридски Комуналец” информира дека на ден 5-ти април, среда, се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во селата Елшани и Коњско.