Skip to main content
Мар 11, 2010

ТВМ дознава: Градоначалникот  Александар Петрески ќе ја прекине официјалната посета на Австралија и ќе се врати во Охрид .


Мар 10, 2010

Уште една посета на Пештани. Денеска увид на проблемите со кои се соочува месното население направи претседателот  на СДСМ Бранко Црвенковски. Апсолутно сум уверен дека доколку навреме се овозможеше истекување на Дримот до ваква ситуација немаше да дојде или проблемите ќе беше од помали размери, рече Црвенковски.


Авг 17, 2021

18-годишен охриѓанец физички нападнал полициски службеник, битолчанец бесправно градел објект во Охрид. Погледнете го најновиот СВР Билтен.


Мар 10, 2010

На градот му се случува катастрофа, а охридскиот градоначалник е на прошетка низ Австралија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


Мар 31, 2017

Шаренило од маскирани и весели детски лица за денот на шегата, 1 ви април. Денес на градскиот плоштад во Охрид, детскиот џагор ги исполни душите на сите кои присуствувааа на прво априлскиот хепенинг под маски, на кој децата од предучилишна возраст како и првачињата кажуваа шеги и лаги, се слушаше музика, но и се играше и пееше.


Мар 9, 2010

Новиот претседател на општинската ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов официјално  се појави пред новинарите. Првиот човек на  општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во своето  прво обраќање до јавноста упати прашања и  критики на адреса на градоначалникот Александар Петрески, кој утрово со општинска делегација отпатува на две недели за Австралија.


Мар 9, 2010

ВМРО-НП одржа прес конференција во врска со настанатите состојби поради високото ниво на водата во Охридското езеро и последиците кои ќе прозлезат од ваквата ситуација.


Мар 31, 2017

СВР Охрид презема мерки за расветлување на сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“ и пронаоѓање на сторител кој предизвикал опожарување на патничко моторно возило марка „Голф“ со охридски регистарски таблици.