Skip to main content
Окт 23, 2019

Како што наближува сезоната на ова вирусно заболување од Центарот за јавно здравје прават подготовки. Се прават резервации за 4 валентни вакцини, а мобилни екипи ќе ги вакцинираат во домашни услови граѓаните со посебни потреби и старите изнемоштени лица.


Окт 23, 2019

Во сабота кон недела на полноќ (27 кон 28 октомври) ќе почне зимското сметање на времето, кога стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад.


Окт 23, 2019

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 23-ти Октомври- Денот на македонската револуционерна борба.


Окт 22, 2019

Некои од плажите издадени под закуп на охридското крајбрежје повеќе од 6 години работат на диво. Никој во минатото не направил ништо по ова прашање, па некои со години печалеле бесправно, вели градоначалникот, Константин Георгиески. Тој побара сите надлежни институции да се заангажираат и ваквата неправда да се корегира.


Окт 22, 2019

Емел  Махмуд е охридска академска сликарка која по втор пат има изложба во галеријата на Куќата на Робевци. За нејзиното творештво ќе рече дека е инспирирана од филозофското движење на суфизмот кој упатува  порака на љубов кон човештвото. 


Окт 15, 2021

Поштарите се лицето на Македонска пошта, а немаат униформи, обувки ниту превозни средства, велат од синдикатот кој денеска на состанок со генералниот директор и управниот одбор ќе ги изнесе барањата за подобрување на условите за работа и навремена исплата на плати. Денеска вработени во подружниците на Македонска пошта меѓу кои и охридската излегоа на протест во знак на револт од состојбата во компанијата.


Окт 22, 2019

Во соработка со Капетанија и Хидробилошки завод  ќе побараат да се утврдат надлежностите за ставање ред во каналот. Неисправните пловни објекти со години скапуваат во каналот и стануваат потенцијална еколошка опасност. 


Окт 22, 2019

Алпинистички клуб „Патагонија“ и Општина Охрид, на 27 октомври 2019 година (недела) го организираат првото промотивно издание од “Ohrid Outdoor Festival”.