Стопирани градежните работи за санација на тротоарите на дел од булеварот „Туристичка“
Запреа градежните работи на тротоарите на булевар „Туристичка“. Граѓаните прашуваат која е причината и бараат што побрзо да се направат бидејќи е загрозена нивната безбедност. Од Локланата објаснуваат дека на терен се соочиле со дополнителни работи па затоа доцнат со санацијата.
„Граѓанска иницијатива за зачувување на достоинството на Охрид“
Група граѓани денеска ја започнаа иницијативата за зачувување на достоинството на Охрид. Ние група интелектуалци, граѓани на Охрид, неформално се здруживме и би сакале да реагираме поради последните случувања во Охрид и да дадеме наш осврт на нив, вели Горан Шибакоски, и додава „Последните препукувања помеѓу партиите беа пресудни да го преземеме овој чекор“
Расте бројот на заболени од Ковид-19 во Југозападниот регион
Расте бројот на заболени со корона вирусот во Југозападниот регион во земјава. Во струшката болница за само една недела хоспитализирани се нови 20 пациенти од кои 17 се на кислородна поддршка. Во охридската болница има 13 хоспитализирани, а најмладиот има 25 години.
Инспектори и полицајци во лов на таксисти со небаждарени таксиметри
Повеќе охридски таксисти фатени како возат без баждарени таксиметри. Оваа контрола е во надлежност на пазарната инспекција и се прави поинтензивно во летниот период, но такси возилата се проверуваат и во останатите месеци од годината, вели Ѓорѓи Бошалески.
Искршена двојазичната табла поставена на охридската филијала на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување
Двојазичната табла поставена на охридската филијала на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, мета на вандали. Таблата утрово била искршена па случајот е пријавен во полиција. Според некои извори таблата била поставена синоќа и веднаш потоа искршена. Според други, таа веќе неколку месеци се наоѓа на влезот од институцијата а настрада токму сега поради политичкиот момент во државава.
Проблеми допрва ќе има
Невремето што го зафати Охрид и Струга допрва ќе го зема својот данок. Штетите ќе бидат повеќекратни и долгорочни, тврдат доброупатените.
ПРОМОЦИЈА НА ОХРИД ВО МОСКВА
Во рамки на активностите за промовирање на Охрид како атрактивна туристичка дестинација, користејќи ги формите и облиците за унапредување и одржлив развој на туризмот, по примерот на Виена, Прага и Стразбур, утре во хотелот „Golden Ring“ во Москва, делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Москва ќе одржат промотивен настан , каде пред педесетина претставници од туристичкиот сектор во Русија (туроператори и туристички агенции, медиуми, претставници на Руската Асоцијација на туроператори и Федералната Агенција за Туризам) преку видео презентации ќе биде презентирана туристичката понуда на Охрид.
Просветни инспектори го скенираат ОУ „Св. Климент Охридски“
Тим од државни просветни инспектори трет ден ја скенираат работата на основното училиште „Св.Климент Охридски“. Под лупа се ставени планирањето и подготвувањето на наставата, следење на наставните часови, постигнувањата на учениците, работата на наставниците, раководењето со институцијата како и целокупната инфраструктура.