Д-р Горан Балевски назначен за нов директор на Општа болница Охрид
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција објави дека д-р Горан Балевски е именуван за нов директор на охридската Општа болница. Балевски е познат доктор специјалист уролог и хирург.
Малеска Стојадиновиќ: Најостро го осудуваме секое непостапување согласно Законот за здравствена заштита
Директорката на ЈЗУ „Општа болница“ – Охрид , Славица Малеска Стојадиновиќ, во врска со случајот со пациентката од Струга која почина од корона вирус, се огласи со соопштение до медиумите.
ВМРО-ДПМНЕ Охрид предлага носење итни антикризни мерки на ниво на општината
ВМРО-ДПМНЕ Охрид предлага носење итни антикризни мерки на ниво на општината. Бараат ребаланс на буџетот и пренамена на средствата. Градоначалникот Константин Георгиески вели дека Локалната веќе размислува во таа насока.
Стручни лица треба да изготват протокол за делување на здравствените установи од четирите општини во регионов
Четирите општини од регионов и директорите на здравствените установи усогласуваа регионален пристап во функционирање на здравствениот систем во делување против Ковид 19. На барање на координативнот тело и охридскиот градоначалник, стручни лица од министерството за здравство треба да направат план за регионализација и усогласување на процедурите при лекување на потенцијални пациенти од Ковид 19.
26 нови случаи на коронавирус во земјата, дома пуштени 9 лица
Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Целосен преглед за состојбата по градови од министерството за здравство ќе испратат дополнително бидејќи дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се се уште во тек.
Нова опрема за Библиотеката и Спортската сала во ОУ „Григор Прличев“
Финансиските средства се обезбедени преку грант од Фондацијата „Чекор по чекор“ на тема „Редовно на часови“-Активно вклучување на ромите во образованието. Школото е прво рангирано во земјава на јавниот повик од фондацијата, а неговите ученици преку ликовна техника испраќаат порака сите деца имаат право на образование.
Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид во изминатово деноноќие е стабилна
Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 29.03. до 07 часот на 30.03.2020 година, 20 лица од кои 2 деца до 18 години, не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, (Охрид-, Струга-9, Кичево-8 и Дебар-1).
Охриѓани викендов се рашетаа по околните планини
Охриѓани викендов се рашетаа по околните планини. Избегнувајќи ја опасноста од Корона вирусот тие масовно почнаа да бараат спас во природата.Поради вонредната состојба која владее во државата, предизвикана од пандемијата со Корона вирусот, тимот на Планинската спасителна служба апелира до сите љубители на планината, да се воздржат од авантури и да останат дома, заштитувајќи го своето здравје, но и здравјето на останатите служби, кои делуваат во ургентни ситуации.