Skip to main content
Мар 30, 2020

Поради новонастанатата ситуација а во согласност со препораките за превенција на здравјето и намалување на штетите предизвикани од пандемијата со вирусот КОВИД-19, мобилните тимови на Црвен крст на РС Македонија – Општинска организација Охрид деновиве добија донација од 300 маски за повеќекратна употреба од текстилната фирма СаЕл Дооел Охрид.


Мар 30, 2020

Ј.П.„Охридски Комуналец“ продолжува интензивно да работи на третирање на јавните површини со дезинфекционо антибактериско средство.


Мар 29, 2020

Лицата со одредени хронични заболувања се во поголем ризик од компликации типични за коронавирусот. Од министерстото за здравство до нив апелираат да бидат особено внимателни и да ги следат доследно сите препораки за заштита од вирусот


Мар 28, 2020

Заради превенција од ширење на заразата предизвикана од вирусот COVID-19, Ј.П.„Охридски Комуналец„ привремено ги стави надвор од употреба јавните тоалети во Охрид.


Мар 28, 2020

Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, „изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 27.03. до 07.00 часот на 28.03.2020 година, едно лице во Струга не ја почитувало забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.


Окт 25, 2021

Локалната и централната власт предводена од СДСМ покажа вистинска грижа и презеде конкретни чекори за заштита на Охридското Езеро. Имавме подготвеност и решителност за решавање на сложени проблеми кои децении наназад беа игнорирани, истакна Константин Георгиески, кандидат за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.


Мар 28, 2020

Забраната за движење на целата територија на државата денеска и утре ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот, согласно одлуката на Владата за забрана на движење за време на викендите.


Мар 27, 2020

Жителите ги  почитуваат мерките за самоизолација и  ограничување на движењето. Функционираат и тимови за помош на стари лица. Во општина Вевчани досега немало потреба за нивно помагање, додека во Дебрца повозрасните жители  барале помош за  купување на лекови.