Skip to main content
Јун 22, 2020


Екипи на општинските јавни претпријатија во координација со Општина Охрид од денес ќе започнат со активности за уредување на крајбрежниот простор на Охридското Езеро, во потегот од „Горица 3“ до „Аквалина“ каде што во текот на изминатата седмица се вршеше отстранување на нелегални објекти и остатоци од урбана опрема.


Окт 31, 2021

Според најновите податоци од Државната изборна комисија до 15:30 часот, од обработени податоци од 89 избирачки места, на гласање излегле 21 500 охриѓани или 41 % од запишаните 52.477 избирачи.


Јун 22, 2020

На иницијатива на „ЕКО ОХРИД“ викендов беше реализирана еко акција за средување на просторот на дел од улицата „Јордан Мијалков“ кој веќе неколку години наназад прерасна во депонија.


Јун 22, 2020

Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 19709 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 2169 во изминатиот викенд, а 705 прекршоци во изминатото деноноќие.


Јун 22, 2020

Годинешното издание на меѓународниот аматерскиот младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид, традиционално во месец јуни го најавуваше културното лето во Охрид, заради ситуацијата со епидемијата на COVID-19, оваа година младите  од театарската група на Црвен крст Охрид, на симболичен начин, почитувајќи ги препораките за заштита од коронавирусот, од предворјето на црквата „Св.Софија“ во Охрид упатија силна порака дека тие се дел од решението, а не од проблемот и со нетрпение го очекуваат седмото издание на „ВДИШИ ТЕАТАР“.


Јун 21, 2020

Општина Охрид е најтранспарентна општина во Југозападниот регион на Република Северна Македонија врз основа на Индексот на активна транспарентност на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).


Јун 21, 2020

Во период од 13 до 19 јуни Центарот за јавно здравје Охрид извршил 239 тестирања за присуство на COVID-19, во општина Охрид и Дебрца на 87 лица, во општина Струга и Вевчани на 103 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа на 49 лицa.


Јун 21, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (20/21.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 213 лица им се издадени решенија за изолација, а 299 лица потпишале изјави за самоизолација.