Контакт информации за мобилните тимови во Општина Дебрца
Се известуваат граѓаните на Дебрца дека на територијата на општина Дебрца функционираат мобилни тимови кои имаат за задача на барање на старите и изнемоштени лица и на лицата со посебни потреби да им излезат во пресрет за прехранбени производи, продукти за хигиена и лекови или доколку имаат потреба од помош или било каква друга поддршка.
ПРОДОЛЖУВА ДЕЗИНФЕКЦИЈАТА НА УЧИЛИШНИТЕ ОБЈЕКТИ
Во рамки на оперативниот план на Локалната самоуправа за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19, деновиве продолжиja активностите за дезинфекција на училишните објекти на подрачјето на Општина Охрид.
Забраната за движење во деновите на викендот, односно во сабота и недела, ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот
Владата на Република Северна Македонија на својата 28-ма седница на предлог на Комисијата за заразни болести, и по заклучок на Главниот координативен кризен штаб за целосна координација за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19, Владата донесе одлука измени и дополнувања на забраната на движење на целата територија на Република Северна Македонија за време на деновите на викендите.
Планинската спасителна служба со апел до сите вљубеници во планините да останат дома
Од Планинската спасителна служба со апел до сите вљубеници во планините, алпинисти, планинари, скијачи, велосипедисти, љубители на природата и планинските спортови.
Во вонредни услови започна да функционира за сите училишта првата националната програма за далечинско учење
Средните и основните училишта досега изведуваа индивидуално прилагодена интернет настава. Сега по препораките на МОН училиштата ќе ги применуваат упатствата за изведување на наставните содржини и за електронско тестирање на знањето на учениците. Националната платформа за далечинско учење, онлајн предавањата, како и пристапот до компјутери и интернет на децата од социјално ранливите категории и руралните средини за време на изолација се дел од прашањата за кои побаравме став од директори на неколку училишта.
Физичка пресметка во зграда на ул. „Партизанска“ во Охрид
На 24.10.2021 година околу 23 часот, во зграда на улицата „Партизанска” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Е.(52) и Г.Е.(51) од Скопје, од една и Ј.М.П.(24) од Охрид, од друга страна.
Црвениот крст од Охрид со психосоцијална поддршка
Во ова тешко време, кога се соочуваме со несреќа од глобални размери предизвикана со ширењето на коронавирусот, тимот за психосоцијална помош (ПСП) на Црвен крст Охрид составен од два искусни психолози, од денес, 25.03.2020, ќе биде достапeн за сите оние кои се најранливи во оваа кризна ситуација и на кои им е потребна дополнителна психосоцијална поддршка.
Не е загрозено снабдувањето со крвни деривати по затварање на одделот за трансфузилогија во Охрид
Службата за трансфузиологија во Охрид целосно е преземена од одделението коешто се наоѓа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, информира министерот за здравство Венко Филипче. Персоналот на РЕ трансфузологија е во домашен карантин откако имале контакт со пациент кај кого е откриен корона вирус.