Skip to main content
Окт 24, 2021

На 22.10.2021 година околу 20 часот на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од С.К. од охридското село Велгошти врз Б.Т.(32) од Охрид.


Мар 19, 2020

Екипи на Јавното претпријатие „Нискоградба“ работат на поставување фекална канализација на еден крак од улицата  „Илинденска“во село Лескоец во должина од 84 метри.


Мар 18, 2020

Тие мора секој ден да бидат на своите работни места со цел, животот непречено да тече.Ова е сторија за дел од хероите во нашиов град кои секојдневно ризикуваат да бидат заразени, работејќи ја својата работа.


Мар 18, 2020

Советниците во редуциран состав со 17 присутни , денес ја одржаа четириест и првата седница. Сите при
сутни дадоа зелено светло за продолжување на мораториумот за градење во Општина Охрид согласно препораките на УНЕСКО.


Мар 18, 2020

Советот на Општина Охрид на денешната седница прифати да бидат ставени на дневен ред уште две точки и истите ги изгласа. Едната одлука се однесува на повеќе заклучоци во врска со препораките и мерките на владата за заштита од Корона вирусот. А другата одлука е на предлог на градоначалникот Константин Георгиески времено да се отстапат три моторни возила од Општина Охрид за период од 90 дена, за потребите на СВР Охрид. Ова се должи на зголемениот обем на работа на СВР Охрид во овој период и потребата од дополнителни возила.


Мар 18, 2020

Граѓаните се во паника, а од итната брза помош смируваат дека нема потреба за вознемиреност. Екипите на терен работат со пропишаната заштита, а тимовите работат засилени со лекари кои се повлечени од специјализација.


Мар 18, 2020

Согласно оперативните мерки кои ги презема Општина Охрид за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19, во текот на изминатите денови се изврши дезинфекција на основните училишта: „Григор Прличев“, „Братство Единство“, „Методи Патче“, „Живко Чинго“, „Кочо Рацин“ и „Христо Узунов“, како и на ОУТУ „Ванчо Питошески“ заедно со ученичкиот дом.


Фев 17, 2022

На 16.02.2022 година во 14.30 часот во стовариште на деловен објект на улицата „15 корпус” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од В.А.(31) врз вработениот Т.Б.(42), двајцата од Охрид.