ПОРАДИ ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНА ЗА СООБРАЌАЈ УЛИЦАТА „ЦАР САМОИЛ“
Поради изведување на завршните градежни активности за реконструкција и уредување на просторот кај месноста „Табана“, од утре 12.03.2020 година (четврток) ќе биде затворена за сообраќај улицата „Цар Самоил“, во потегот од улиците „Цар Самоил“ и „Коста Абраш“ во близина на Капетанијата на пристаништата до црквата „Света Софија“.
ОК ВМРО ДПМНЕ ОХРИД СО ЧЕСТИТКА ЗА 23-ТИ ОКТОМВРИ
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.
ВО ОХРИД ЗАПОЧНА ВОНРЕДНАТА ДЕЗИНФЕКЦИЈА И ДЕРАТИЗАЦИЈА
Согласно препораките и мерките што ги донесе Владата на Република Северна Македонија, општина Охрид започна со вонредна дезинфекција и дератизација.
Таксистот Ацо Бакрески позитивен пример во заштитата од корона вирусот
Таксистот Ацо Бакрески е позитивен пример и секако за поздравување во почитување на мерките за заштита на населението од корона вирусот.
„ Екотим“ бара соработка со граѓаните во термините кога ќе се изведуваат работи инсталирање цевка во цевка
Продолжува втората фаза со методата полиестерски цевки и чистење на секундарната канализација. Со обложување на цевководот ќе се продолжи трајноста и ефикасноста на колекторскиот систем.
Започна дезинфекција на јавниот превоз на автобусите на автопревозната компанија Галеб
Апел до сопствениците на такси возилата и другите компании за јавeн превоз да го следат примерот и почитуваат препораките за заштита на јавното здравје на патниците. Вонредно ќе се дезинфицираат сите здравствени и образовни институции во градот.
МЕРКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ВИРУСОТ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА
Од денес, 11.03.2020 година ( среда ) во наредните 14 дена сите основни училишта, средни училишта, факултети и предучилишни установи ( детски градинки ) на територијата на Македонија, времено ќе запрат со воспитно – образовниот процес, како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на Covid 19- корона вирусот.
МЕРКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ВИРУСОТ ВО ОПШТИНА ОХРИД
Од денес, 11.03.2020 година (среда) сите основни училишта, средни училишта и предучилишни установи (детски градинки) на територијата на Општина Охрид, времено ќе запрат со воспитно – образовниот процес, како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на Covid 19- корона вирусот.