Skip to main content
Мар 10, 2020

Владата ги затвори образовните институции и забрани публика на спортските натпревари во следните 30 денови.Се забрануваат масови собири и настани во отворен и затворен простор со над 1.000 посетители на територијата на целата земја. Задолжителна самоизолација за сите кои доаѓаат од средно и високоризичните држави. Ова се дополнителните мерки за спречување на ширењето на корона вирусот кои ги усвои владата денеска по препорака на Комисијата за заразни болести.


Окт 23, 2021

При извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници регистрирале и санкционирале 06 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол.


Мар 10, 2020

Агенциите за недвижности во двата крајезерски градови со различни искуства од проджабата на недвижности.  Мораторимуот за градење има различно економско влијание во продажбата. Во  Охрид цените на становите пораснале  за 20 посто, а во соседна Струга се намалуваат. 


Мар 10, 2020

Брегот на Охридското Езеро, кај населбата Љубаништа, прекриен со разноразен отпад од пластика. Локалните жители апелираат до надлежните служби и Локалната самоуправа да преземат најитна акција и да се исчисти крајбрежјето бидејќи овој отпад повторно ќе заврши во езерото. Екипите на ЈП „Комуналец“ уште  утрово започнаа акција за расчистување на теренот.


Мар 10, 2020

Деновиве започнаа да се изведуваат подготвителни активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улицата „Питу Гули” до „Стобекс”.


Мар 9, 2020

Локалните жители ќе се стимулираат за да се вклучат во креирањето на туристичката понуда. Посебен акцент ќе се става на агротуризмот. Секторот за Туризам и локален економски развој при Општина Охрид одржува активности за практични обуки на оваа тема.


Мар 9, 2020

Максимално сум разочаран поради непочитување на препораката за изолација од 14 дена , кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче. Директорката на Клиниката за кожни болести е четвртата регистрирана заболена во земјава со корона вирус. Таа пред една недела се вратила од патување во Италија. По враќањето продолжила да оди на  работа непочитувајќи ги препораките за самоизолација и загрозувајќи го здравјето на сите со кои дошла во контакт. Ќе има мерки против сите за кои е утврдено дека го загрозуваат јавното здравје. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје зашто е тоа наш приоритет, додаде Филипче. 


Мар 9, 2020


Покрај сушата најголеми виновници се македонските и грчите овоштари. Засега Охридското Езеро не е во опасност се додека се напојува од изворите од Св. Наум и Тушемиште, но и тоа зависи од одговорноста на луѓето кои го регулират нивото на езерото со испуштање на водите во реката Црн Дрим.