Skip to main content
Сеп 18, 2019

Охрид во петок, на 20-ти септември ќе биде домаќин на панел дискусија за реформите во системот на социјална заштита во локални рамки.


Сеп 18, 2019

Во Општина Дебрца се одржа првата велосипедска Тура,  Славеј Планина и Караорман. На турата учество зедоа четириесетина  вљубеници на планинскиот велосипедизам, од велосипедски клубови и индивидуалци од цела Македонија.


Сеп 17, 2019

Општинските инспектори секојдневно се на терен и прават записници за дивоградбите во градов. Процесот на рушење ќе почне, но не треба да се очекува дека ќе се случи нешто спектакуларно преку ноќ, кажува Градоначалникот Константин Георгиески. Тој ќе трае една, можеби и повеќе години, додава тој.


Сеп 17, 2019

На девет локации во градов Локалната постави паркинзи за велосипеди. Овој проект е дел од активностите за одбележување на Европската недела на мобилност во Охрид.


Окт 13, 2021

Систем на планирање на културни и забавни активности во шпицот на летната сезона за да се намалат проблемите со бучавата и метежот, најави носителот на листа на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Науме Јованоски Чакар. Чакар од изборната програма посочи поддршка за туристичкиот сектор, унифицирање и контрола на такси и езерскиот превоз.


Сеп 17, 2019

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ денеска на прес конференција со низа прашања до локалната власт во однос на заштитата на животната средина и задржување на статусот на Охрид под УНЕСКО.


Сеп 17, 2019

На репертоарот на Народниот театар од Охрид, овој петок, 20.09.2019 година ќе биде одиграна ДЕТСКАТА ПРЕТСТАВА – „АЛИСА ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА” од англискиот писател Луис Карол наменета за најмладите.


Сеп 17, 2019

По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици  Ј.П.„Охридски Комуналец„ денеска спроведе акција за расчистување на дивата депонија на плажата Лабино лоцирана во делот под карпите.