Skip to main content
Сеп 16, 2019

Секоја година се регистрираат по 250 нови случаи. Во земјава се повеќе се чувствува недостаток од невролози и стручни тимови за рехабилитација на пациентите со мозочен удар. Во земјава има само 4 центри за рехабилитација, а во нашиот регион нема ваков центар.  Здружението за борба против мозочниот удар „ Мозочен удар“  ја предводи едукативната камапања во Југозападниот регион со цел едукација на граѓаните во справување со ризик факторите за оваа болест. 


Сеп 16, 2019

Изминатиот викенд, на подрачјето на СВР Охрид, беа извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот во однос на прекршоци кои ги прават  возачи на  мотоцикли.


Сеп 16, 2019

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против следниве 11 лица: Д.Р.(42), С.Р.(48), Н.Р(49), Ј.Р.(30), Х.Р.(19), Ш.Р.(22), против 16 годишно лице, сите од струшкото село Октиси, како и против Д.Х.(45), Х.Б.(49), Ш.Х.(28) и Д.Х.(25), сите од селото Велешта.


Сеп 16, 2019

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од утре до петок 20 септември ќе биде отворена изложба на дела од роднокрајни автори родени во септември. 


Сеп 16, 2019

Од денес започнуваат отворените денови на Централниот регистар на кои граѓаните ќе имаат можност да се информираат за прашања поврзани со услугите и работата на оваа институција.


Окт 13, 2021

Охрид ќе биде град каде што спортот и физичкото образование ќе бидат примарни за здравјето на сите граѓани, најави Константин Георгиески кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Продолжуваме да инвестираме во нова спортска и рекреативна инфраструктура, кажа Георгиески и најави уште една нова трибина на стадионот „Билјанини извори“.


Сеп 16, 2019

Екипи на ЈП „Нискоградба“ по налог на Секторот за комунален развој сообраќај и улици при општина Охрид започна акција за отстранување на нефункционални патоказни табли, огради и други видови препреки на тротоарите на целата територија од градов.


Сеп 16, 2019

При крај се подготовките за започнување на акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на Општина Охрид, опфатени во регистарот кој беше изготвен според препораките од состанокот на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.