Голем број активности по повод Европската недела на мобилност во Охрид
Под мотото „Пешачи со нас“ и Охрид со бројни низа активности се приклучува кон одбележување на Европската недела на мобилност од 16-ти до 22-ри септември.
Едукација за справување со ризикот од мозочен удар
Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен Удар“ како дел од проектот КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО „Подобрување на квалитетот и пристапноста на здравствената заштита и социјалните услуги во пограничните региони – Квалитетно Здравство“ на ден 15.09.2019- недела во Центарто за култура „Григор Прличев“ со почеток во 09.00 часот ќе организира јавна активност со цел одредување на ризикот од мозочен удар кај населението во Охрид.
Одбележување на Светскиот ден на првата помош и крводарителска акција
Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни залагања го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди.
Петкоска: Проблемите на граѓаните со водоснабдувањето останаа нерешени
Недозволиво е недомаќинско работење на локалната власт и директорот на МЈП „Проаква“ Владимир Алексијоски за една општина којашто е заглавена во долгови за кои течат камати на дневна основа, обвинија денеска на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Усвоен планот за управување со Вевчанските извори
Со тоа општина Вевчани добива можност за развивање на еколошкиот и руралниот туризам. Проектот е финансиран од ЕУ, а спроведен од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. На презентацијата на проектот „ Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“денес во Вевчани беше присутен и евроамбасадорт Самуел Жбогар.
Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс
Во рамки на активностите посветени на Меѓународниот ден на стари лица, а во пресрет на Неделата на грижа за стари лица (15-21 Ноември), Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Заедно за убав и хуман свет“.
Со мудро и внимателно користење на природните ресурси од Охрид-Преспа биосферниот резерват може да се спроведе одржлив економски развој за жителите на двете држави
На територијата на резерватот живеат околу 450 илјади жители, во 26 единици на локална самоуправа на албанска и шест на македонската страна.
Седиментите земени од дното на Охридското Езеро зборуваат за климатска историја од еден милион години
После проектот за вадење на примероци од дното на Охридското езеро, најстарото езеро во Европа, проект кој започна од 2013 година , научниците извадија примероци кои во себе содржат климатска историја стара еден милион години. Утвредена е прецизно неговата старост од 1,3 милиони години, но откриен е јасен увид во климатските и геолошките промени во регионов милиони години наназад.