Skip to main content
Фев 18, 2020

Патеката која се простира над Лабино, небезбедна за шетачите. Граѓаните бараат Локалната што поскоро да го обезбеди овој простор, да постави ограда по целата должина, а и некоја табла со предупредување за опасностите кои демнат. Од Локалната велат дека  оние кои ја граделе и вршеле надзор кажале дека таа патека е безбедна и нема што тука да се дискутира.


Фев 18, 2020

Новото државно јавно претпријатие „Колектосрки систем“ блокирано. Наместо нормално функционирање на новоформираното претпријатие власта имала други приоритети, обвинија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.


Фев 18, 2020

Досега се искористени бројни можности, а една во најава е набавка на еколошки бродови за поголем економски бенефит на жителите од крајезерскиот регион.Во таа насока се поттикнуваат општините, здруженијата и институциите да се вклучуваат активно во изготвување на проекти со кои ќе придонесат за развој на целокупното општество, повикува министерот на локална самоуправа Горан Милевски.


Фев 18, 2020

Тоа се проекти со кои Центарот за култура „Григор Прличев“ аплицирал за средства од Програмата за поддршка на проекти од културата од национален интерес за 2020та. Директорот на Центарот е задоволен од добиените средства и најавува продолжување на богатата програма.


Окт 21, 2021

Квалитетно изработената урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а пак уредувањето на просторот и неговото планирање во договор со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување. Оттаму обезбедувањето проектна документација за поставување фотоволтаични панели за ридско-планинските места е еден од тие проекти, изјави денеска Кирил Пецаков, кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“.


Фев 18, 2020

Членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ за време на едно од зимските нуркања, открија нови колинии на слатководен рак во водите на Охридското езеро. Станува збор за редок вид.


Фев 17, 2020

Бројот на заболени од сезонски грип во охридско-струшкиот регион речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани. Намален е бројот на заболени од постарата популација, но зголемен е бројот на заразени од школската популација.  Во Охрид не е изолиран типот на вирусот на грип, додека во Струга има неколку случаи каде е изолиран грип од типот А и Б.


Фев 17, 2020

Во програмата за поставување урбана опрема оваа сезона нема големи промени на постојните локакции, но покрај досегашните се планирани и две нови. Наскоро ќе следува и објава на јавниот повик за поставување на маси и столици и за угостителските објекти.