Skip to main content
Фев 12, 2020

Поради зголемениот интерес, останаа уште две проекции на филмот „Дедо и Внук” кои ќе бидат прикажани во н.у “Григор Прличев” – Охрид со почеток во 20ч и тоа на 12-ти и 13-ти февруари. Цена на билет 100 денари Телефон за резервации 046/261-063.


Фев 12, 2020

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид за сторени две казнени дела „прикривање“ и две казнени дела „помагање“.


Фев 11, 2020

Хит претставата “Чекајќи го министерот” која ги освојува театарските сцени во месец февруари ќе гостува на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид во сабота, 29.02.2020 година.


Окт 20, 2021

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(36) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама”.


Фев 11, 2020

За две недели ќе отпочне постапка за набавка на овој неопходен апарат за охридската болница. Со тоа ќе се скрати времето за чекање на термин за преглед на пацинетите и трошоците за патување на Клиниките во Скопје, најави од Охрид министерот за здравство Филипче. 


Фев 11, 2020


Бројот на кинеските посетители  на Македонија е помал во однос на  земјите во регионот. Кинеските туристи  најчесто  доаѓаат во земјава на т.н. кружни туристички тури.


Фев 11, 2020

Владата им препорача на Советите на општините Охрид,  Струга и  Дебрца да ги продолжат одлуките за времен мораториум. Ќе се формират работни група со претставници од  надлежните министерства, општините Охрид, Струга и Дебрца како и  Управата за заштита на културното наследство и Завод и Музеј. Тие ќе имаат рок од 10 дена да изработат предлог решение за усогласување на режимите на заштита на Планот за управување со охридскиот регион и акциски план за постапување по Инвентарот на дивоградби и спроведување за соодветните студии.
Ова се дел од насоките кои птроизлегоа од Седницата на влада што се одржа во Охрид.


Фев 11, 2020

Градоначалникот Георгиески и премиерот Спасовски,  придружувани од Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми извршија увид на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро.