ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ПО ПОВОД 23- ОКТОМВРИ-ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 23-ти Октомври- Денот на македонската револуционерна борба.
Шест години печалење на црно
Некои од плажите издадени под закуп на охридското крајбрежје повеќе од 6 години работат на диво. Никој во минатото не направил ништо по ова прашање, па некои со години печалеле бесправно, вели градоначалникот, Константин Георгиески. Тој побара сите надлежни институции да се заангажираат и ваквата неправда да се корегира.
Сликите на Емел Махмуд зрачат со ведрина
Емел Махмуд е охридска академска сликарка која по втор пат има изложба во галеријата на Куќата на Робевци. За нејзиното творештво ќе рече дека е инспирирана од филозофското движење на суфизмот кој упатува порака на љубов кон човештвото.
Протест на вработените во Македонска пошта
Поштарите се лицето на Македонска пошта, а немаат униформи, обувки ниту превозни средства, велат од синдикатот кој денеска на состанок со генералниот директор и управниот одбор ќе ги изнесе барањата за подобрување на условите за работа и навремена исплата на плати. Денеска вработени во подружниците на Македонска пошта меѓу кои и охридската излегоа на протест во знак на револт од состојбата во компанијата.
ЈП Билјанини извори ќе покрене барање за одстранување на хаварисаните пловила од десната страна на каналот
Во соработка со Капетанија и Хидробилошки завод ќе побараат да се утврдат надлежностите за ставање ред во каналот. Неисправните пловни објекти со години скапуваат во каналот и стануваат потенцијална еколошка опасност.
ПРВО ПРОМОТИВНО ИЗДАНИЕ НА „OHRID OUTDOOR FESTIVAL“
Алпинистички клуб „Патагонија“ и Општина Охрид, на 27 октомври 2019 година (недела) го организираат првото промотивно издание од “Ohrid Outdoor Festival”.
Групна тепачка во угостителски бојект на „Железничка“
На 20.10.2019 околу 20.00 часот во СВР Охрид пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со физички напад извршен во угостителски објект на улица „Железничка“ во Охрид од В.Ј.(38), М.Ј.(35) и М.Ј.(30), сите од Охрид, врз В.И.(29) од Скопје и Х.Р.(19) од Охрид.
Охридските либералдемократи бараат воведување на иницијатива за дислокација на бистата на Григор Прличев
ОО на Либерално Демократската Партија од Охрид бара поведување на иницијатива за дислокација на спомен-обележјето на Григор Прличев и му предлага на Советот на Општина Охрид, да донесе решение за истата.