Српската заедница во Охрид го одбележа празникот Св. Сава
Заедно по 17 пат во српското друштво Коштана се собраа припадници од оваа етничка заедница со роднините и пријатеите да го одбелажат празникот. Велат се радуваат на заедничкиот собир, но немаат точен број колку Срби живеат во Охрид.
Во Основното училиште „Св. Климент Охридски“ се подобруваат условите за работа
Во Основното училиште „Св. Климент Охридски“ се подобруваат условите за работа. Направени се две нови училници, а тоа се јави како потреба поради зголемениот број на ученици во ова училиште. Во тек е промена на старата со нова, висококвалитетна дограма. Активностите се реализираат со средства добиени преку проект на Југозападниот плански регион.
Корења од дрва и влажни марамчиња го затнувале колекторскиот систем
Исчистени се скоро еден километар од цевководот од потегот на хотел Гранит до хотел Парк. Целиот зафат на прочистување на колекторскиот ситем треба да заврши до месец мај.
23 октомври неработен ден за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2021година (сабота), Ден на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани.
СВИКАНА ТРИЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Овој петок со почеток во 9:00 часот ќе се одржи 38 та седница на советот на Општина Охрид. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
СЕ ПОПЛОЧУВААТ КРАЦИ НА „15-TИ КОРПУС“
Екипи на ЈП „Градски гробишта“ деновиве работат на партерно уредување на четири краци од улица „15-ти Корпус“. Бехатон плочки се поставуваат на површина од 400м2.
Глоба од 2500 евра или бришење од регистарот на занаетчии
Глоба од 2500 евра или бришење од регистарот на занаетчии им се заканува на сите занаетчии кои не се пререгистрираа согласно новиот закон. Само стотина од вкупно 250 занаетчии во Охрид го испочитуваа зконот. Деновиве ке се носи одлуката што со ќе биде со останатите кои не ги пререгистрираа фирмите и не добија ливценци за работа.
ОО СДСМ Охрид: Не се предлага нов универзитет, не се укинуваат постоечките факултети на УИНТ
Случајно или намерно во ВМРО ДПМНЕ ги имаат измешано лончињата, не се предлага нов универзитет, не се укинуваат постоечките факултети, со измените во Законот само се престројува Универзитетот за да биде во согласност со постоечкиот Закон за високо образование, реагираат од ОО на СДСМ на изнесеното на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ.