Skip to main content
Јан 20, 2020

Со помош на ОО ЦК, некои добиле современо купатило, други неопходни апрати за  домаќинството кои не се луксуз туку потреба. Младите волонтери на ЦК преку проекти за хумани вредности помагаат на различни начини во рамките на можностите на организацијата, а ќе продолжат да помагаат и оваа година. 


Јан 20, 2020

Вечерва спроти големиот христијански празник, Богојавление – Водици во куќата на Уранија во Охрид свечено беше доделена светската награда за хуманизам на добитникот за 2020 година, академик Георги Старделов.


Јан 20, 2020

Градоначалникот Константин Георгиески заедно со Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми и директорот на Јавното петпријатие „Колекторски систем“, Владимир Алексијоски денеска изврши увид на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро.


Окт 19, 2021

Владата на денешната редовна 113-та седница, меѓу другото, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана).


Јан 17, 2020

Жителите на улицата „Петар Чауле“  се жалат дека многу често несовесни граѓани својот отпад го оставаат каде ќе стигнат, а со тоа се создава неубава слика . Бараат надлежните да бидат поактивни, а инспекторите поприсутни на терен.


Јан 17, 2020

Во период кога државната и локалната власт се исправени пред предизвикот да го сочуваат статусот на Охрид под Унеско исполнувајќи ги препораките на оваа организација, со свои пораки се вклучува и научната фела.  Експерти  кои деновиве во Охрид дебатираат на осмата научна конференција  Водици 2020та сметаат дека Урбанизацијата, загадувањето и профитерството се главни предизвици во заштитата на светското наследство.


Јан 17, 2020

Со тоа се  исполнува една од дадените препораки на состанокот на Генералниот Комитетот на Унеско во Баку. Двете земји  се обврзаа на заеднички цели и одлуки во интерес на регионот кој е дел од Светското културно наследство.  


Јан 17, 2020

Во рамки на манифестацијата Денот на рибарите која ќе се одржи на 20-ти јануари на празникот Свети Јован Крстител во Охрид и оваа година ќе се подготвува традиционалната рибна чорба.