Шест апликации чекаат на одобрување грантови за покренување на сопствени бизнис
Делегацијата на Европската комисија треба да даде зелено светло дали ќе ги одобри проектите од регионов до крај на овој месец. Проектите се однесуваат на најразлични дејности.
Свети Василиј Велики
Свети Василиј Велики (грчки:Βασίλειος ὁ Μέγας) е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата.
Охридскиот бербер Шогун бесплатно потстрижува сограѓани од ранливата категорија
Секојa недела одвојува време со својот практикант Емин време за да им ја средат косата на луѓето кои неможат да си го дозволат тоа. Шогун вели дека има луѓе на кои потстрижувањето им е луксуз.
Во Охрид регистрирани единаесет случаи на заболени од грип
Пикот на заболувањето се очекува во месец февруари. Од Центарот за јавно здравје напоменуваат дека сеуште има време за имунизација.
Ирина Смилеска нов директор на ЈУДГ „Јасна Ристеска“
Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков, за директор на ЈУДГ „Јасна Ристеска“ е назначена Ирина Смилеска која доаѓа на местото на досегашната директорка Мери Рилкова која поднесе оставка од функцијата.
БОГАТА ПРОГРАМА ЗА ПРАЗНИКОТ БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ
Во рамки на програмата за одбележување на големиот христијански празник Богојавление-Водици, Општина Охрид организира голем концерт на балканската музичка ѕвезда Петар Грашо, кој ќе се одржи во пресрет на празникот на 18-ти јануари со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.
Во Куќата на Робевци изложена 3Д макета на античка гробница од македонски тип
Од НУ „Завод и музеј Охрид“ информираат дека во музејот Куќата на Робевци е изложена 3Д макета на античка гробница од Македонски тип која е откриена на локалитетот Караѓулевци, веднаш до античкиот театар во Охрид. Макетата е изработена на 3Д печатач од страна на Кирил Денковски, а за ликовното обликување е заслужен Диме Солаковски.
ОД ОПШТИНА ОХРИД АПЕЛ ДА НЕ СЕ ПАЛАТ ОГНОВИ НА ОТВОРЕНО
Со цел да се превенира загадувањето на воздухот и зголемената концентрација на ПМ честичките во амбиенталниот воздух, Општина Охрид апелира до граѓаните да се воздржат од палењето на традиционалните василичарски огнови на отворено.