Христос се роди. Вистина се роди
Светите храмови во градов беа преполни со верници уште од раните утрински часови. Главната свечена литургија се одржа во црквата Св. Ѓорѓи каде чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. Меѓу верниците во црквата Св. Ѓорѓи беше и претседателот на РМ Стево Пендароски кој заедно со своето семејство во Охрид ги поминува овие празнични денови.
Бесплатен паркинг за Божиќ, подарок од ЈП „Билјанини извори“
ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 07. 01. 2020 (вторник) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе биде бесплатен за сите нејзини корисници. Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Божиќ и на таков начин ЈП “Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање.
Занаетчијата Драган Георгиески одржува бесплатни работилници
Занаетчијата Драган Георгиески неколку години бесплатно го споделува своето знаење за изработка на минијатурни кожни бележници. За купувачите се интересни сите негови кожени изработки,а најбарани се малите бележници. И додека неговата работилница ја посетиле над стотина странци, Македонците незаинтересирани за невообичаена можност.
Врачена донација од специјални над душеци за неподвижните лица на геријатрија
Подарокот насловен како од „Грѓаните за највозрасните“ е донација од ЈП Билјанини извори. Од одделението при Општа болница напоменуваат дека постојано ги подобруваат условите за нега на пациентите на одделот, а во тоа им помагаат често пати и други хумани поединци и клубови.
Во општина Дебрца ќе се градат две соларни централи
Во моментов во оваа рурална општина работат две – три мали и средни претпријатија. Локалната самоуправа покрај развој на руралниот туризам ќе се насочи и кон изработка на иновативни проекти со кои ќе аплицира за добивање средства од европските фондови.
Охридското Езеро не смее да претставува отпад за дотраени пловила
Мора да се заострат еколошките критериуми при увозот на пловила, кажува капетанот на Капетанија на Пристаништата на Македонија. Капетанија работи на усогласување на нашата законска регулатива за внатрешна пловидба со европските закони.
Пецаков и Донев порачаа : Во следниот круг победата има да биде уште поголема
Уште еден чекор нѐ дели од она за кое сите се трудиме, за подобар Охрид, изјави денеска кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков. Тој се заблагодари на охриѓани за поддршката во првиот круг од изборите и заедно со претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид и носител на советничката листа Сашо Донев најавија поголема победа во втор круг.
Градоначалникот го посети првото новороденче во Охрид во новата 2020 год
Вредносен чек од 10.000 денари и пригодни подароци, денес градоначалник Константин Георгиески му подари на првото бебе кое се роди во Охрид во новата година. Ако машкото дете е синоним за бериќет, првото бебе во Охрид ни најави плодна и среќна година.