Skip to main content
Авг 2, 2019

Денеска се навршуваат 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ што се одржа во манастирот Прохор Пчињски, на кое беа поставени темелите на современата македонска држава.


Авг 2, 2019

Ќе се менуваат пумпите кај Метропол, Трпејца и Љубаништа, а треба да се реализира и проект за регулација на протокот и притисокот во водоснабдителниот систем и поставување на контролни шахти на териотријата на Општина Охрид.


Авг 2, 2019

Од денес стартува новата авиолинија на WizzAir од Меминген до Охрид.


Авг 2, 2019

Вечерва на сцената на Долни сарај, со почеток во 21 часот, Рускиот драмски театар Караганда ќе ја одигра шекспировата класика Театарска претстава „Сон на летната ноќ“, во режија на Џон Блондел. Станува збор за една од најдобрите комедии на англиски јазик, која во средината на лудилото на играта се потпира на некои испреплетени прашања.


Окт 11, 2021

Времето денеска во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои околу пладне ќе бидат поинтензивни на запад, а во вечерните часови ќе се интензивираат во источните делови.


Авг 1, 2019

Охрид годинава бележи послаба летна туристичка сезона споредено со предходната година. Причини има повеќе, велат хотелиерите, меѓу кои намалениот број туристи од регионот поради годинешните атрактивни понуди за Египет, Тунис и Турција. И понатаму проблем е лошата патна инфраструктура која ги одвраќа туристите кои патуваат со автомобил.


Авг 1, 2019

Во континуитет опаѓа бројот на домашните туристи кои летуваат во туристичките центри во земјава. Со последните податоци на Евростат се добива податок дека за над 60 посто од Mакедонците  луксуз е седумдневен одмор во некое летувалиште.Турците и Србите се пред  Македонците од државите кандидати за членство во ЕУ. 


Авг 1, 2019

Проектот е од интердисциплинарен карактер каде што сите учесници (освен Танче Гроздановски кој е од Скопје )се од Пештани, односно потекнуваат од Пештани.