Skip to main content
Дек 24, 2019

Промоција на резултатите и сознанијата од Проектот „Требенишко Кале, село Требеништа, истражување 2019“. Беше обелоденето дека се откриени остатоци на античкиот град Дебрец по чија местоположба истражуваа и трагаа македонските историчари и археолози повеќе од половина век. Со ваквите проекти интенцијата е Дебрца да се промовира во една високо рангирана, природна, археолошка и културна дестинација.


Дек 24, 2019

Од одделението за сообраќај и улици информираат дека станува збор за сериозен дефект на сообраќајната сигнализација. Од полицијата уверуваат дека во фрекфентните периоди од денот има физичко присуство на полициски службеници.


Дек 24, 2019

Работите доцнат околу отворањето на новиот дел во болницата Св. Еразмо поради потребата која дополнително се јавила за изградба на уште една операциона сала.


Дек 24, 2019

Познати се добитниците на студентски стипендии за академската 2019/2020 година по објавениот Конкурс од страна на Градоначалникот на Општина Охрид д-р Константин Георгиески.


Дек 23, 2019

Тоа ќе биде можност да се изложат и купат различни предмети изработени од вредните раце на на охридските  креативци. И оваа година ќе излагаат десеттина излгачи на разни ракотворби.


Дек 23, 2019

За прв пат обелоденета е досега необјавена фотографија од семејството на војводата Лазар Циркоски и двоглед кој го чува Владо Георгиески, потомок на семејството Чаулев. Денес, се одбележуваат 95 години од смртта на Петар Чаулев, еден од тројцата големи охридски војводи заедно со Христо Узунов и Методи Патчев.


Дек 23, 2019

Нов брод во Охридското Езеро. „Армада“ е луксузен брод кој ќе плови во текот на целата година. Покрај редовните крстарења до Св.Наум, ќе нуди и кратки дневни и ноќни крстарења, а ќе биде достапен и за сите кои сакаат да организираат приватни забави од типот на свадби, родендени, корпоративни забави и слично.


Окт 18, 2021

Во петок повторно пред охриѓани ќе се одигра театарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска.