Skip to main content
Дек 17, 2019

Во врска со зачестените јавувања од граѓани за зголеменото загадување на воздухот во Охрид, а чии сознанија се резултат на следење на апликацијата мој воздух и други нерелевантни извори.


Дек 17, 2019

„Дедо и внук“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски ја освојува македонската публика. Филмот според критиката има квалитети за многу повеќе од локално и национално прикажување. Во годината што следува најверојатно ќе се најде на некој од европските филмски фестивали.


Дек 17, 2019

Тајните на дното на Охридското езеро набрзо пред очите на јавноста. Пред Водици ќе биде промовиран документарецот за кој инсертите се снимаа при пренуркувањето на Охридското езеро од страна на меѓународниот нуркачки иструктор Милутин Секуловски. 


Дек 17, 2019

Нивните производи се продаваат во седум продавници низ земјава,но и во бројни реномирани  маркети. Во разновидниот асортиман брендот се издвојува со производство на чоколадирани производи со  најсофистицирана опрема, а произведуваат и турски локум. 


Дек 17, 2019

Врз основа на договорот кој општина Дебрца го склучи со Јавното претпријатие за државни патишта на општината и се отстапени на располагање околу 300 метри кубни огревно дрво, кое се наоѓа покрај делницата на Автопатот А2 во изградба.


Дек 16, 2019

Во оваа мала општина и иселувањето на младите луѓе не е со драстично темпо. Се повеќе млади луѓе остануваат на своите огништа, а тоа е случајот и со медицинскиот кадар при Здравствен Дом.


Јан 19, 2022

Варошанецот Мартин Гоџоски го фати крстот од осветените води на Охридското Езеро по десет години скокање. Празнувањето на Водици во Охрид е традиција која ја одржуваме и не зачувала како народ, кажа охридскиот градоначалник Кирил Пецаков. Водосветот во Охрид го следеа многу охриѓани и гости. 


Дек 16, 2019

Зоран Ногачески, градоначалникот на општина Дебрца  даде отчет за двогодишниот мандат и сработените проекти. За овој период се реконстрирани и асфалтирани голем број локални патни правци,  изградба на водоводна мрежа, како и бројни проекти кои се во насока на развој на посакувана рурална туристичка дестинација, кажа при тоа  Ногачески.