Skip to main content
Дек 11, 2019

Свикана триесет и шестата седница на Советот на општина Охрид на ден 12.12.2019 година (четврток) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.


Окт 17, 2021

Овие избори сами по себе се предизвик во секоја смисла на зборот поради промените кои ќе доаѓаат во нашта држава, а од каде ако не од Охрид , тоа е најдоброто место да започнат промените. – кажа кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Кирил Пецаков, откако го оствари своето право на глас утрово.


Дек 10, 2019

Охридските автори се повеќе се афирмираат во библиотеката „Григор Прличев“. Им се доделуваат и благодарници и звање почесен член на библиотеката. Деновиве ова звање го доби писателот Коста Фортомар. 


Дек 10, 2019

Од третманот на културното наследство  зависи и нашето членство во ЕУ, сметаат експертите. Профитерскиот пристап на моќниците  е главниот проблем на што реагира  Европската Унија и Унеско, сметаат од Европското движење во Република Северна Македонија.


Дек 9, 2019

Најбројни во Охрид за дочек на Нова година ќе бидат гостите од Бугарија и Србија, а во многу помал број има и домашни. За католичкиот Божик пак на охридското крајбрежје ќе празнуваат Грците.


Дек 9, 2019

Охрид го одбележа својот патрон. Свечената академија по тој повод традиционално се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ со пригодна програма во која беше вклучена и Гимназијата „Св. Климент Охридски“ која исто така празнуваше. Највозвишениот дел од вечерта секако беше доделувањето на највисокото општинско признание, Наградата Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид. Но, овој пат покрај емоции на радост оваа награда предизвика и емоции на тага.


Дек 9, 2019

Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент- Патрон на Охрид во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ се одржа традиционалната изложба на Фото клуб – Охрид.


Дек 6, 2019

Студентите апелираат до надлежните органи да им излезат во пресрет и, како што велат,  да не им кројат кобна судбина на 400 студенти со прифаќањето на овој предлог закон. Доколку не биде прифатено нивното барање за отфрлање на предлог законот информираат дека ќе бидат приморани да излезат на масовни протести.