Поскапувањето на струјата негативно ќе се одрази врз рентабилноста на Јавните претпријатија
За избегнување на финансиските загуби општината ќе бара субвенционирање на електричната енергија од државата. Во меѓувреме, Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ќе се обиде да најде решение за намалување на потрошувачката на струја.
Охрид подготвен за мразот и снегот, депонирани абразивни средства на повеќе пунктови
На повеќе локации депонирани се вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи и тоа: „Стар Град“, У.З.„Гоце Делчев“ – бараки, по сите воспитно-образовни институции на територијата на општина Охрид, покрај фреквентните сообраќајниции и руралните подрачја кои се наоѓаат на поголема надморска висина и тоа: с.Елшани, с.Долно Коњско, с.Рача, с.Рамне и с.Велестово.
Цветковски : Очекуваме победа и се чувствувам возбудено
Не дозволувајте да ве купат. Не се продавајте за пари. Имате вие чест и достоинство, изјави кандидатот за Градоначалник на Охрид од ТМРО, Гоце Цветковски.
Дотур на роба во чаршијата само со ниски возила
Поради поставувањето на новогодишнте украси во чаршијата, Локалната самоуправа апелира, доставувањето на роба во деловните објекти да се врши исклучиво со ниски возила.
Највисокото општинско признание „Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ за 2019 година, постхумно му се доделува нa Проф. д-р Јован Стојаноски
Највисокото општинско признание „Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ за 2019 година, постхумно му се доделува на прерано починатиот градоначалник Проф. д-р Јован Стојаноски. Решението за доделувањето на наградата, за која имаше пет апликации, го донесе градоначалникот Константин Георгиески на предлог на Стручната комисија за доделување на општински награди и признанија.
Расте бројот на лица зависни од опијати
Во Центарот за превенција и третман на болести од зависност во Охрид во моментов има 170 пациенти одс кои најмладиот има 19 години. Загрижува фактот што расте потребата за лекување на малолетни зависници, велат за ТВМ од Центарот.
Интересни експерименти прикажаа охридските гимназијалци на отворениот ден по природни науки
Средношколците на забавен начин покажаа како лесно ја совладуваат наставата по предметите хемија и физика. Средното општинско училиште Свети Климент Охридски постојано ги осовременува кабинетите за изведување на наставата по сите природни науки.
Лицата со инвалидитет бараат поголем слух за нивните потреби од општествената заедница
Повеќе охридски здруженија го одбележаа светскиот ден на инвалидите. Од Локалната самоуправа ги следат потребите на овие лица и најавуваат два големи проекти, пристапност за инвалидите до општинската сала и спортскиот стадион Билјанини извори.