Skip to main content
Сеп 17, 2019

Со соодветни транспаренти во рака дечињата згрижени во ЈОУДГ  „Јасна Ристеска“, продефилираа низ централните градски  улици и кејот и се вклучија во одбележувањето на Европската недела на мобилност.


Фев 17, 2022

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Општинa Охрид, организира јавна расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата.


Сеп 17, 2019

Деновиве интезивно се  изведуваат градежни активности од првата фаза за реконструкција на улицата „АСНОМ“.


Окт 13, 2021

Децата имаат право на простор во кој ќе играат, спортуваат, ќе развиваат здрави навики и ќе уживаат во безгрижно детство. Затоа гарантираме изградба на нова градинка и на детски и мултифункционални спортски игралишта, кажа кандидатот за советник од Вмро Дпмне и Коалицијата, Перчо Божиновски. 


Сеп 16, 2019

 За два дена актерот е добитник на  поединечна и колективна  награда со Охридскиот народен театар од два фестивалски настани.  Наградата за најдобар актер ја доби за претставата „Каде е пиштолот“ на Фестивалот „Гола Месечина“ од Театар Комедија од  Скопје. Другата награда од Струмица на Фестивалот „Ристо Шишков“ каде што  заедно со актерите од Охридскиот театар беа прогласени за најдобри во инвентивна актерска игра за преставата „Стаклена менажерија“. Театарот е колективна уметност и наградата е за целиот тим, напоменува скромно   Стаматоски. 


Сеп 16, 2019

Осумдесет првачиња го започнаа своето образование во ОУ Св. „Климент Охридски“. Училиштето бара од Министерството за образование да му се одобри да формира три паралелки, бидејќи моментално децата се распоредени во две, а е невозможно во една училница да учат повеќе од триесет деца.


Сеп 16, 2019

Секоја година се регистрираат по 250 нови случаи. Во земјава се повеќе се чувствува недостаток од невролози и стручни тимови за рехабилитација на пациентите со мозочен удар. Во земјава има само 4 центри за рехабилитација, а во нашиот регион нема ваков центар.  Здружението за борба против мозочниот удар „ Мозочен удар“  ја предводи едукативната камапања во Југозападниот регион со цел едукација на граѓаните во справување со ризик факторите за оваа болест. 


Сеп 16, 2019

Изминатиот викенд, на подрачјето на СВР Охрид, беа извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот во однос на прекршоци кои ги прават  возачи на  мотоцикли.