Протест на судската служба пред Основен суд Охрид
Судската служба бара еднаков третман како судиите. Административците во основниот суд во Охрид денес излегоа на протест против, како што рекоа дискриминирачкиот, егоистичен и игнорантски однос кон судската служба од страна на Судскиот буџетски совет. Тие бараат исплата еднакви додатоци на платите како и судиите и формирање посебно тело кое ќе биде одговорно за вработените во судската служба.
До 11 часот во Охрид гласале 5 692 граѓани
Во тек е гласањето на локалните избори. Според информациите од Државната изборна комисија, до 11 часот во Охрид од обработени податоци од речиси сите 88 избирачки места гласале 5 692 граѓани од запишаните 52 477 избирачи.
Раст на бројот на странски туристи како и на остварени ноќевања
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2019 година изнесува 122 645, а бројот на ноќевањата изнесува 275 892.
Училишната зграда во Мешеишта со нов лик
Во насока подобрување на квалитетот на како и условите за работа во Општина Дебрца продолжува реализацијата на Проектот- „Реконструкција на училишната зграда на ПУ с.Мешеишта “.
УЛИЦАТА „АСНОМ“ ДЕНЕС ВРЕМЕНО ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНА
Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека денес 15.11.2019 година од 04.00 час до 18.00 час, целосно ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „АСНОМ “, од пресек со булевар „Туристичка“ до пресек со ул. „Сирма Војвода“.
Идејата за изградба на регионална депонија во Годивје е напуштена
Од министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека студијата е ревидирана и се бара нова локација за регионална депонија. Државниот секретар за животна средина открива дека се разгледуваат различни опции во насока депонијата да не биде во сливното подрачје на Охридското езеро.
ВО ОХРИД ОДРЖАН ПРВИОТ БУЏЕТСКИ ФОРУМ СО НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
Во малата сала на општина Охрид се одржа првиот буџетски форум на општина Охрид, на кој учествуваа триесетина претставници на здруженија на граѓани, спортски клубови и културно – уметнички друштва.
Во најскоро време се планира реновирање и поправки на училишните згради во Косел и Куратица
Меѓу бројните предизвици за подобрување на наставата во училиштата кои се под надлежност на ОУ Ванчо Николески во централното школо се планира изградба на спортско игралиште. Исто така, преку различни проекти ќе се набавуваат видео камери и нагледни средства.