Граѓански форум со претставници на месни заедници
Вечерва со почеток во 19 часот во малата сала на Општина Охрид ќе се одржи граѓански форум.
Отворена линија кај Народниот правобранител за повреда на избирачкото право 0800-54321
Граѓаните на првиот круг од Локалните избори денеска можат да пријават било каква повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800-54321, а ќе функционира од 07:00 до 19:00 часот во канцеларијата на Народниoт правобранител.
Набрзо сите охридски училишта ќе добијат обезбедувањe
После повеќето инциденти случени во училиштата изминатиов период, чувари ќе се грижат за училишниот имот по завршувањето на наставата. Речиси и да нема училиште во градот каде не се прават материјални штети или да нема насилство.
Консументите на информации ќе се едуцираат за медуимска писменост
Преку проектот насловен Гледај, читај, слушај и мисли со своја глава Едукација за медиумска писменост, целта е да се крене свеста кај заедницата како да се препознаваат лажните вести во медумите и на социјалните мрежи. Алармантни се податоците за тоа колку луѓето не ги проверуваат информациите и здраво за готово веруваат во она што ќе го прочитаат на интернет, вели претседателот на Здружението „Инклузија“ и координатор на проектот.
Полека но сигурно, македонското судство се ослободува од клиентелизмот и политичките влијанија
Полека но сигурно, македонското судство се ослободува од клиентелизмот и политичките влијанија, сметаат македонските судии. Убедени се дека со поддршка од меѓународната заедница самите судии одвнатре ќе успеат да ги надминат проблемите, ќе изградат свој интегритет и ќе успеат да бидат креатори на независно и самостојно судство.
Охридските стрелци со одлични резултати на меѓународниот стрелачки турнир „Пирин2019“
Викендов охридските стрелци учествуваа на меѓународниот турнир во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма -„Пирин2019“ што се одржа на стрелиштето во спортскиот комплекс во Благоевград, Р.Бугарија.
Презентиран Нацрт планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г
На јавната расправа која се одржа денес во Охрид граѓаните имаа можност да се запознаат што содржи овој документ од исклучително значење за заштитата на регионот како културно историското богатство и природна реткост признаена од УНЕСКО.
ФТУ на барање од општина Охрид работи на студија за ефектите од туризмот
Во охридското стопанство секторот туризам учествува со мал процент во вкупниот број на вработувања и остварени приходи. Ова се дел од економските истржувања за поединечните стопански гранки направени од Факулетот за туризам и угостителство пред 3 години. Општина Охрид, сега нарача ново истражување од која се очекува економската слика за импактот на туризмот во локалното стопанството.