Октишани протестираат против неконтролираната сеча на шумата на Јабланица
Итно стопирање на сечата на шумата околу Октиси и прогласување на планината Јабланица за национален парк , побараа денеска на мирен протест жителите на ова струшко село. Тие алармираат дека сечата трае со години но во последните четири добила на интензитет и дека дури над 50% од околната шума е уништена. Доколку не се исполнат нивните барања, најавија радикализирање на протестите во иднина.
4 години ИМПРОВОКАЦИЈА во Охрид
Утре се навршуваат четири години од првата изведба на театарската претстава „Импровокација“, проект на професионалните актери, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски како главни протагонисти и Филип Ангеличин Жура како организатор.
Нивото на водата во Охридското езеро и натаму под просекот за февруари
Според најновите неделни и дневни мерења на УХМР водата на Охридското Езеро е на кота од 693,33 м.н.в што е за 8 сантиметри под просекот за месецов (693,42 м.н.в).
Најдоцна до среда повторно ќе бидат функционални рампите кај поштата
Оштетени рампите во центарот на Охрид, кај поштата.
Во Охрид е најнизок процентот во цела држава на вакцинирани девојчиња од ХПВ вирусот
Родителите сеуште се скептични за нејзините позитивни дејства. Потребна е поголема информираност, едукација, но и поддршка од здравствените работници.
Министерството за култура ги одбило проектите на НУ Центар за култура за енергетска ефикасност.
Пропаднал обидот да се замени внатрешната дограма и влезот на двете сали и билетарата. Од Ценатрот за култура напоменуваат дека нема да се откажат од обидите за реновирање и соработка ќе побараат од општествено одговорните охридски компании.
Македонија ќе го набави „Молнупиравир“, единствениот лек за ковид-19
Министерството за здравство сооошти дека ќе го набави „молнупиравир“, единствениот лек за ковид-19.
Охридското семејство Хусоски живее во крајно субстандардни услови
Петто члено семејство живее во една соба со нивните три малолетни деца од кои две се со сериозни здравствени потешкотии. Мајката Нермина, исто така со нарушено здравје, апелира заедницата да им помогне да имаат кров над главата и нормални услови за живот.