Македонија ќе добие хеликоптерски итен медицински систем
Владата на Република Северна Македонија ја усвои информацијата за спроведената постапка за избор на најповолна понуда за воспоставување Јавно приватно партнерство (ЈПП) за формирање современа организација-платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем во Република Северна Македонија (ХЕМС) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (САР) и ја прифати Предлог-Одлуката за избор на приватен партнер за оваа дејност со САРХЕМС ДООЕЛ Скопје, компанијата која ги задоволи условите на јавниот повик.
Нов предлог закон за дополнително да се финансира проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид
Владата на РСМ на редовната 161 седница, го утврди новиот Предлог на Закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка и донесе заклучок тој да биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија согласно член 170 од Деловникот на Собранието.
Ученичката Софија Алачкоска-прва на општинскиот натпревар „Млади библиотекари“
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид денеска на пригодна свеченост жирито ги соопшти резултатите од неодамна одржаниот Општински натпревар „Млади библиотекари”. Првото место во силна конкуренција од уште 18 ученици од основните училишта, го освои деветтоодделенката Софија Алачкоска под менторство на наставничката Фила Веровска – Стојковска
Неколкучасовен прекин на сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид поради минирање
Поради изведување градежни работи, денес во периодот од 11:00 до 15:00 часот на патниот правец Кичево-Охрид ќе има прекин во сообраќајот.
20-годишен охриѓанец поседувал марихуана за продажба
На 14-ти октомври 2021 година, во СВР Охрид бил приведен 20-годишниот К.Ч. од Охрид, кај кого, при извршен преглед во охридското село Велгошти, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана, наменета за натамошна продажба.
„Охрид трчаТ“ учествуваше на маратонот во Љубљана
Најмладите се забавуваа на трката од 3 километри, а вистински предизвик за охриѓани и екипата беше полумаратонот од 21 километар.
Доцнат изработките на Урбанистичките планови за населените места
Тие најчесто се заглавени во бирократски и административни лавиринти. За донесување на урбанистички планови се чека и по неколку години.
На каналот Студенчишта ќе се постават кран за подигање на пловни објекти и видео надзор
Ова се идните планови на ЈП Билјанини извори коe стопанисува со паркинг просторот на каналот. Сопствениците на пловилата оваа можност ќе може да ја користат по завршување на јавните набавки веќе од следната година.