„Power to the People“
Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. ве канат на завршен настан во рамки на проектот Power to the People, финансиски поддржан од Фондацијата Хајнрих Бел.
НЕДЕЛА НА БУГАРСКИ ТЕАТАР ВО ОХРИД
НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид Ве поканува на гостувањето на Театар на виното од Варна Р. Бугарија со три монодрами:
Потпишан меморандум за соработка меѓу општините од регионот за поддршка на Центарот за спасување на планина
Потпис на меморандумот ставија заменик градоначалникот на Охрид и првите луѓе на Дебрца и Вевчани. Расте бројот на несреќите на планина како резултат на зголемениот интерес за авантуристичкиот туризам кој го нудат нашите околни планини, напомена при тоа Антонио Додевски од службата за спасување.
Кривична пријава против охриѓанец за несовесно работење и измама во службата
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(42) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „измама во службата“.
ПРОМО –ТУРА „ОХРИД 2019“
Од утре до 28 октомври, Охрид ќе биде домаќин на промо – тура „Охрид 2019“, што ја организира локалната самоуправа.
Пецаков: Не смееме да останеме заглавени во хаосот поради безидејноста и проблемите создадени од власта
Кирил Пецаков, кандидат за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ ги повика граѓаните да им ја дадат подршката за заедно да создаваат нова и светла иднина за Охрид.
Развој на малите винарии со измени на законот
Законот за вино ќе претрпи измени со што ќе се стимулираат производителите од мал обем. Со олеснување на условите за производство на вино кај мали винарии и физички лица производители на вино, истите ќе бидат позастапени на пазарот, што позитивно ќе влијае и на развојот на винскиот и руралниот туризам.
Стационарот за бездомни кучиња ќе профункционира кога ќе престане мораториумот за градба
Стационарот за бездомни кучиња за да профункционира потребно е да стапи на сила Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот регион со што ќе престане мораториумот. Тогаш ќе бидат завршени сите административни процедури и потребната документација, уверуваат надлежните.