Skip to main content
Авг 12, 2019

На охридските плажи нема знаци кои ќе ги предупредат капачите за опасностите кои се кријат во водата или на брегот. Концесионерите се тие кои се должни да постават вакви обележја, а ако плажата нема сопственик тоа треба да го направи општината.


Авг 12, 2019

УНЕСКО со пораки и поезија во одбрана на Охрид. Преку Светската академија за поезија на УНЕСКО, а во организација на Македонската академија на науките и уметностите и општина Охрид, беше одржана уметничка вечер: “Поетите за Охрид”. Поетот од Белград Мајо Даниловиќ, член на Светската академија на поезијата и претседател на Одделот за словенскиот свет, за тој повод специјалноп напиша песна со силна порака.


Авг 12, 2019

Усвоен ценовникот за паркинг на пловните објекти со кој ќе стопанисува ЈП Билјанини извори. Се бара паркинг место повеќе во Студенчишкиот канал. Паркирањето за едрилиците ќе биде бесплатно.


Окт 11, 2021

На 10.10.2021 година околу 02 часот, на улицата „Мирче Ацев” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.С. врз Н.Ѓ.(34), двајцата од Охрид.


Авг 9, 2019

Утре во водите на Охридското езеро ќе се одржат третиот по ред Олимписки пливачки маратон на 10 км и за прв пат, Македонскиот куп во далечинско пливање. Ќе се натпреваруваат пливачи од Русија, Турција, Бугарија, Косово и Македонија.Пливачките настани  се во организација на  Клубот за спортови на вода “ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008” со поддршка на Националната пливачка федерација и Агенцијата за млади и спорт.


Авг 9, 2019

Станува збор за ремек дело составено од 11 различни приказни поврзани во форма на една целина. Вечерва ќе видите турска игра на „Буре Барут“, но сигурен сум дека ќе ја препознаете и македонската „Буре Барут, порача турскиот режисер Јилдирај Шахинлер.


Авг 9, 2019

Ќе се гради локална патна мрежа во Охрид, Дебрца, Струга. Техничката документација е за некои готова, а за некои е во тек. Се очекува работите да отпочнат на терен.


Авг 9, 2019

Унијата на млади сили на ВМРОДПМНЕ, во чест на одбележувањето на Интернационалниот ден на младите ќе доделува оброци на бездомните лице. Станува збор за реализација на на акцијата „Ретвитни оброк“, која започнува токму од Охрид, а на која ќе се приклучат претставниците на Општинските комитети на ВМРО ДПМНЕ и од останатите градови.