Ќе се подобруваат условите во примарното здравство
Заради подобрување на условите во кои се даваат примарните здравствени услуги Министерство за здравство спроведува и јавна набавка на нови болнички кревети и телевизори во болничките соби. Со реновирањето на здравствените установи низ целата држава, на медицинскиот персонал ќе им овозможиме подобри услови за работа, но и подобри и подостоинствени услови на пациентите за престој во болница.
„Парче душа“ утревечер на „Охридско лето“
„Парче душа“ е избор на поезија која актерот Љупшо Тодоровски Упа ширум Македонија ја рецитира веќе подолго време. Намерата на Тодоровски е оваа запоставената област на актерско и сценско изразување рецитирањето повторно да си го завземе своето место, да ја поврати публиката и состојбите на душата што рецитирањето ги предизвикува.
Од денес во Охрид на сила стапува мораториум за градење
Тоа го одлучија мнозинството охридски советници. Општина Охрид го изготви акцискиот план во кој се опфатени сите постапки и активнсоти со кои ќе се исполнат препораките на Комитетот на светско културно наследство . Советниците од опозицијата беа конструктивни со став дека за доброто на Охрид мора од некаде да се почне.
10 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачјето на СВР Охрид
На 10/11.10.2021 година во периодот од 23 до 04 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли при што санкционирани се 10 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол (Охрид-06, Струга-01, Кичево-02, Дебар-01).
ДЕНОВИ НА ВИНО, СИРЕЊЕ И МЕД ВО ОХРИД
Во организација на Општина Охрид, Сектор за туризам и ЛЕР и оваа година ќе се одржат манифестациите: „Вино и сирење“, „Денови на мед“ и „Охрид крафт експо” во период од 9 до 16 август на плоштадот Крушевска Република. Посетителите на овие манифестации ќе имаат можност повеќе да се запознаат со локалните производи од ова поднебје.
„Пад на системот или Како Балканските народи сфатија дека Бог не постои“ е најдобриот расказ на годинешниот конкурс Живко Чинго
Расказот под шифра 11 е победник меѓу 40 – те пристигнати раскази. Добивме убаво виножито од раскажи, кои се доказ дека има напредок во развојот на македонскиот расказ, а ќе не радува фактот ако на анонимниот конкурс добиме ново име кое ќе го гради својот литературен пат, кажаа членовите на жирито.
Пронајдени нови сознанија за поврзаноста на Михајло Пупин и Охрид
Големиот научник и добротвор бил прогласен за почесен граѓанин на Охрид, а била отпечатена и објава за неговата смрт. Годинава се одбележуваат 81 година од смрта на светски познатиот научник чии корени водат потеко од нашите краишта.
Локалната самоуправа и ЈП ќе постапуваат по препораките на Државната комисија за спречување на корупција
Државната комисија за спречување на корупција утврдила судир на интереси со тендерите кои ги добила фирма блискa до советникот Нефи Усеини. Одделението за јавни набавки при Локалната чека мислење од Бирото за јавни набавки за тендерот за реконструкција на кровната конструкција на 4 општински основни училишта. ЈП почнале постапки за раскинување на договорите.