Skip to main content
Авг 5, 2019

Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески стана експерт за противзаконски вработувања и префрлување партиски кадри, обвини денеска на прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.


Авг 5, 2019

Ова доаѓа по мислењето и препораката до Општина Охрид од Антикорупциска дека советник не може да добива тендери од општината и јавните претпријатија поради судир на интереси.


Авг 5, 2019

И ова лето за спасителите на плажа полни раце работа. Само досега имале над дваесет интервенции за спасување на давеници. Бројот пак на укажана прва помош на капалиштата е мнопгу поголем. Се апелира до сите капачи да ги почитуваат правилата и да посетуваат плажи кои се безбедни.


Авг 5, 2019

Од одделението за сообраќај се задоволни од функционирањето на системот со влез и излез на возилата во стар град. Одредени слабости има во функционирањето на режимот. Дел се од системот, а дел поради човечки фактор, велат од локалната.  Повторно се соочуваат со  злоупотреби на картичките од страна на жители на Стар град, а има и пропусти кај лицата ангажирани на рампите.


Мар 1, 2022

Планинската спасителна служба, при Црвен крст – Охрид доби специјализирани мултифункционални носилки и средства за имобилизација за хеликоптерско спасување, преку проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од ЕУ, во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Република Албанија.


Авг 5, 2019

Кој и како се правени злоупотреби со издавањето на лекови на рецепт, здравствените власти се уште немаат конкретни информации. Укинувањето на квотите за лекови според министерот е решение кое ќе го реши недостатокот од лекови по 15-ти во месецот, најави министерот за здравство, Венко Филипче.


Окт 11, 2021

Општинската организација на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина” на сите граѓани им го честита државниот празник 11-ти Октомври, Денот на народното востание, симбол на македонската борба за слобода.  


Авг 2, 2019

Охрид го живее пикот на сезоната. Во хотелските капацитети и приватното сместување се бара место повеќе и поради атрактивните музички фестивали „Охрид колинг“ и „Гринбич“ и настани на најпрестижната културна манифестација во земјава „Охридско лето“ . Туристичките  работници се надеваат дека доколку продолжи  топлото време туристите во голем број ќе ги има цел август.