РК „ОХРИД“ ЗА ЈАНА!
Вечерашниот натпревар помеѓу РК „Охрид“ и РК „Бутел“ ќе има и хуманитарен карактер.
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата веќе половина година не функционира
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата веќе половина година не функционира. Тој има за цел унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид, едукација на целните групи за почитување на сообраќајните правила и прописи и подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот. Затоа е важно како тело и понатаму да постои. Од Локалната велат дека до крајот на оваа година ќе имаме нови членови и нов Совет за безбедност во сообраќајот.
Во завршна фаза е изградбата на училишната спортска сала во ЕМУЦ Св Наум Охридски
За ден два се очекува приклучување на градската комунална инфраструктура па ќе следува техничкиот прием на објектот. Градежните зафати ќе продолжат со замена на вратите и прозорите во училишната зграда.
Во дербито на шестото коло Охрид го пречекува скопски Бутел
Нашите ракометари најавуваат тежок но интересен натпревар. Скопјани доаѓаат после пораз во Купот на ЕхаЕф а ракометарите на Охрид одат по нови три бода и петта победа во серија.
Пак се сече
Паркот пред хотелот „Инекс Олгица“ во месноста Горица 2, остана без седум повеќегодишни стебла. Минувачите и вљубениците на природата прашуваат зошто дрвата се исечени и дали исечените дрва ќе бидат заменети со нови. Од Локалната тврдат дека ќе бидат испочитувани законските одредби. Од граѓанската иницијатива Охрид СОС , пак, бараат транспарентност и статистика од локалната, колку дрва се исечени со одобрение на територија на општината во последните 2 год, колку се засадени на нивно место и колкава е нивната успешност.
Тротоарот на Булевар Туристичка со пресекот на улица Стив Наумов наскоро ќе добие слој асфалт
Станува збор за 50- тина метри неасфалтиран дел од улицата за пешаци во населбата Лескајца. Жителите честопати се принудени тој дел од улицата да го минуваат на самиот коловоз од Туристичка.
Есма Ќазим е млада модна дизајнерка која го живее својот сон
Со своите вешти раце и со голема љубов дава максимум од себе при создавањето креации. Посебно пленуваат креациите со вез врз кои Ќазим дава свој белег. Во своето модно ателје ги очекува сите кои сакаат уникатна и квалитетна облека.
„Сопружници“ вечерва на репертоарот на охридскиот театар
Театарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска вечерва повторно ќе се одигра пред охридската публика.