Skip to main content
Јан 22, 2020

По само неколку месеци стопанисување со рибниот фонд во Охридското езеро државата и ја одзете концесијата на струшката фирма Летница Белвица. Негрижа за рибниот фонд е само една од причините за ваквата одлука на Владата. Изминативе месеци надлежните инспекторати вршеле интензивни контроли во кои утврдиле низа нерегуларности и прекршувања на законот од страна на концесионерот. До изборот на нов концесионер , за да не биде оставено езерото на немилост на рибокрадците државата ќе формира посебно координативно тело за негова заштита.


Јан 22, 2020

СДСМ вети и излажа дека затворениот зелен пазар по цели три години доцнење почнува со работа од 1 јануари, обвинија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.  Дојдоа, се сликаа и си заминаа, а пазарџиите останаа надвор среде зима,  кажа од партиската говорница портпаролот Перчо Божиновски.  


Јан 22, 2020

Работодавачите алармираат дека има недостаток од стручен кадар и дефицитарни струки. Се повеќе се наметнува потребата од практична работа која ќе се воведува во наставниот процес за потребите на стопанството. Таков позитивен пример е практичната настава на учениците од ЕМУЦ Св.Наум Охридски, поддржана од Делегацијата на Германското стопанство.


Јан 22, 2020

Општинскиот инспекторат е задолжен да контролира дали се почитуваа законските одредби за замeна на исечените дрва со нови. Контрола се прави дали се засадуваат нови стебла  ама досега нема регистер колку фиданки се посадени, вели општинскиот портпарол.


Јан 22, 2020

Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма  преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.


Окт 20, 2021

НУ Библиотека „Григор Прличев“ неодамна го збогати својот фонд со неколку изданија од сликовници кои со сигурност ќе го привлечат вниманието за нивно читање од страна на децата и нивните родители.


Јан 22, 2020

Владата на Северна Македонија останува силно посветена на зачувување на исклучителните универзални вредности на Охридскиот регион, и статусот на УНЕСКО Светско наследство, кој го одликува регионот веќе 40 години.


Јан 21, 2020

Сезонски попуст. Речиси и да нема излог во овој период од годината на кој не стои дека производите кои се продаваат се на попуст. Но, дали тоа навистина е така и колку попустите се реални? Од ОПМ советуваат купувачите да бидат многу внимателни при купувањето.