Формиран Меѓудржавен Комитет за заштита на Охридското Езеро под Унеско
Со тоа се исполнува една од дадените препораки на состанокот на Генералниот Комитетот на Унеско во Баку. Двете земји се обврзаа на заеднички цели и одлуки во интерес на регионот кој е дел од Светското културно наследство.
ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ТОН РИБНА ЧОРБА ЗА ДЕНОТ НА РИБАРИТЕ
Во рамки на манифестацијата Денот на рибарите која ќе се одржи на 20-ти јануари на празникот Свети Јован Крстител во Охрид и оваа година ќе се подготвува традиционалната рибна чорба.
Жители на Чекоштина бараат решавање на проблемите за населбата да заживее
Место сончев град или елитна населба денеска Чекоштина е неурбанизирана а стотината викендици и куќи немаат ни улица ни број. Чекоштина во минатото била позната по лозарство но денеска е се поатрактивна за развој на туризам како еколошки чиста населба. Токму поради потенцијалот на оваа населба жителите се организираа во граѓанско здужение и бараат општината да започне да ги решава урбанистичките , административните и инфраструктурни проблеми во Чекоштина.
Јавнатa хигиена секојдневно се нарушува од несовесни граѓани
По улиците и тротоарите се фрлаат разни видови ситен отпад почнувајќи од догорчиња цигари па се до хартиени паковки. Од ЈП Комуналец велат дека има потреба од секојдневно метење на улиците.
ЈП „Билјанини Извори“ ќе ги заменува блокаторите со платни налози за неплаќачите на јавниот паркинг
ЈП „Билјанини Извори“ ќе ги санкционира неплаќачите со издавање на платен налог наместо со блокатори за неплаќање на користен паркинг во А и Б зоните. Охриѓани и странците се претежно дисциплинирани во однос на плаќањето , но има возачи кои со наведување разни причини и вршење притисок врз вработените не сакаат да платат, велат од ова претпријатие кое стопанисува со јавниот паркинг простор во градот.
„Охридско лето“ донираше 95 илјади денари за Општата болница во Охрид
Националната установа „Охридско лето“ во знак на солидарност и хуман гест на Општата болница од Охрид и додели 95 илјади денари, средства собрани од продажбата на влезници од хуманитарниот концерт „Танец и Ладо под ѕвездите“ одржан во рамките на годинашната фестивалска програма.
Забрането паркирање кај кружниот тек и капетанија за празничниот викенд
Поради непречено одвивање на сите активности во делот на организизацијата на големиот црквно-народен собир по повод големиот христијански празник Богојавление Водици од сабота, 18-ти јануари од 23:00 часот до понеделник, 20-ти јануари до 16:00 часот нема да биде дозволено паркирање на потегот во близина на објектот на Капетанијата на пристаништата и паркингот во потегот на кружниот тек во центарот на Охрид.
ОХРИД СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОДИЦИ
Охрид на големо се подготвува за една од најголемите и најмасовните црковно народни собири, одбележувањето на православниот христијански празник, Богојавление или Водици.